Вторник, 21 Април 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

dm ја креираше Bestie: Заштитно лице на кампањата која се бори со менструалната сиромаштија

Како една од најголемите и најуспешните македонски компании dm спроведе општествено одговорна кампања со која тангираше важни прашања поврзани со здравјето и образованието на младите. Bestie во изминатите 2 години стана најдобрата другарка на студентките низ целата земја.

Во време кога сè погласно се зборува за еднаквост и поддршка на младите, менструалната сиромаштија сè уште е реалност со која се соочуваат многу девојки и студентки. 

Недостигот од пристап до основни хигиенски производи не е само финансиски, туку и општествен предизвик што директно влијае врз самодовербата, здравјето и образованието.

Токму затоа, иницијативата Bestie на dm претставува вистински пример како една компанија може да стане најдобра другарка на студентките и пример за општетсвена одговорност, кога преку иницијатива се придонесува за целокупната здравствена состојба на идните генерации.

„Во  студентската 2024/25 година,  поставивме над 200 диспанзери и дониравме повеќе од 230.000 поединечни Jessa влошки на државните универзитети во земјава. На овој начин помогнавме во борбата против менструалната сиромаштија.

И оваа година продолжуваме! Во студентската 2025/26 година веќе испорачавме околу 120.000 влошки на сите факултети, за сите девојки да се чувствуваат поддржано и безгрижно“ – нагласуваат од компанијата на нивната веб страница.

Bestie – повеќе од производ, вистинска поддршка

Со создавањето на Bestie, dm испрати јасна порака: менструалната грижа не е луксуз, туку основна потреба.

Преку оваа иницијатива, студентките добиваат полесен и подостапен пристап до менструални производи, со што се намалува притисокот што го носи месечниот трошок за хигиена.

Менструалната сиромаштија често значи пропуштени предавања, чувство на срам или изолација. Bestie се спротивставува на оваа реалност, нудејќи практично решение и охрабрување девојките да зборуваат отворено за менструалното здравје.

Кога компанија со долгогодишна доверба кај потрошувачите како dm застанува зад ваква кауза, промената станува видлива и одржлива.

Дополнително, Bestie е тука за да ви даде основни сoвети како да се справите со менструалните блоки, да ви помогне да зборувате за оние денови, кои сè уште се „табу“ тема во голем број македонски семејства.

Борба против табуата 

Освен што обезбедува производи, Bestie има и едукативна димензија. Таа иницира разговор за тема што со години била тивко премолчувана.

Со нормализирање на менструалниот циклус како природен процес, се рушат стереотипите и се гради средина во која младите жени се чувствуваат сигурно и поддржано.

Поддршката на студентките значи инвестиција во иднината. Кога девојките имаат непречен пристап до основни хигиенски средства, тие можат целосно да се фокусираат на образованието, амбициите и личниот развој. Со Bestie, dm покажува дека општествената одговорност не е само стратегија, туку вредност.

Во време кога солидарноста е поважна од кога било, Bestie станува симбол на женска поддршка, пријателство и грижа. А токму тоа е суштината на вистинското другарство – да бидеш тука кога е најпотребно.

Со оваа кампања, dm уште еднаш докажа дека има намера цврсто да стои зад своето мото: „тука сум човек – тука купувам“, односно да покаже дека пред сè се грижи за чувствата, емоциите и квалитетното искуство на своите потрошувачи, но и на сите поединци во општеството во кое припаѓа.

Компанијата уште еднаш покажа дека како најголема македонска дрогерија, има голема одговорност кон заедницата, но и кон своите потрошувачи, а за нејзиниот континуиран раст и постепена експанзија на македонскиот пазар, која непречено се одвива во последните 14 години говорат и статистичките податоци и бројките.

Како на европскиот, така и на македонскиот пазар, dm се залага за континуиран и „бавен“ раст без ризични одлуки што носат брз профит.

Тоа најдобро се огледува и во статистиките на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ, од кои компанијата е дел со години наназад.

dm со стабилен раст и во 2024 година

Во 2024 година, dm се најде на 105. место на ранг листата на најголемите македонски компании и на 190. место на ранг листата на најуспешните компании.

Компанијата остварила вкупен приход од 3.005.998.745 денари и добивка пред оданочување од 125.440.715 денари.

Изразено во проценти, компанијата оставрила раст на вкупните приходи за 26,12% во споредба со претходната година и раст на добивката пред оданочување за 17,60%.

Согласно на зголемените финансиски параметри, компанијата во однос на претходната година се искачи за 14 места погоре на ранг листата на најуспешните и за 8 места погоре на ранг листата на најголемите македонски компании.

Производите на ВВ Тиквеш - Стариот добар квалитет во ново руво

Нови шишиња, но стар добар квалитет. ВВ „Тиквеш“ годинава ја доби наградата „Најдобар производител – Република Македонија“, а благодарение на добрите финансиски резултати, пак котираше меѓу првите 100 Најголеми и Најуспешни македонски компании.

Македонски Телеком најави нова ера на комуникација: Без бариери и со неограничен интернет

Неограничен интернет, бесплатен роаминг, гигабитни брзини... Ова се само дел од новитетите што Македонски Телеком ги најави за своите корисници. Доказ дека заслужено се најде на 3 место меѓу Најуспешните македонски компании.

Зошто A1 Net Sef е услуга која привлекува сè поголем број корисници?

А1 Македонија со години наназад е дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ. Зошто услугата А1 Net Sef e пресудна при изборот на мобилен оператор кај голем број корисници?
Годишно издание

Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.

Државен завод за статистика

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт