Во динамичниот малопродажен сектор, каде ценовниот притисок и лојалноста на потрошувачите се клучни фактори, стратегијата на приватни марки претставува силна алатка за диференцијација. „dm drogerie markt“ е еден од најуспешните примери во Европа за тоа како сопствените брендови и приватните марки можат да станат двигател на раст, профитабилност и доверба.

DM drogerie markt на македонскиот пазар е присутна од 2012 година, и оттогаш па наваму е член на семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ компании во Македонија.
Но, приказната за оваа глобална дрогерија, започнува уште од 1973 година кога била отворена првата продавница во Карлсруе во Германија. Денес компанијата е гигант со над 4.000 продавници во околу 12-13 земји во цела Европа.
Компанијата е предводена со стратегија за постојано проширување, силни приватни марки и во последно време со стратегија за дигитална продажба.
Од своите почетоци, па сè до ден денес, dm drogerie markt е сконцентрирана на бавен раст, без превземање на брзи, високоризични операции, со што е сконцентрирана на одржливо присуство на пазарот, наместо на брз профит.

Наместо да се потпира исклучиво на глобални брендови, dm систематски развива и унапредува сопствени линии производи, како Balea, Alverde, Denkmit и Babylove.
Овие брендови не се позиционирани како „поевтина алтернатива“, туку како производи со јасно дефиниран квалитет, одржливост и транспарентност.
Со тоа, dm успева да гради сопствена лојална база на потрошувачи кои ја поврзуваат вредноста директно со компанијата, а не само со производителот.
Производите што компанијата ги нуди во својата продажба имаат јасна цел, намена и се со докажан квалитет, што само по себе овозможжува создавање на лојални потрошувачи насекаде низ светот.

Моделот на приватни марки во продажбата овозможува:
Со директно управување со развојот и спецификациите на производите, dm создава уникатна понуда што не може лесно да се копира од конкуренцијата.
Особено значаен е сегментот на природна и одржлива козметика, каде Alverde се позиционира како пристапен „зелен“ и еколошки бренд на козметика, произведен од природни материјали.
Ова ѝ овозможува на компанијата да одговори на растечките барања на потрошувачите за еколошки и етички производи, без значително зголемување на цената.

Стратегијата на приватни марки има директно влијание врз профитабилноста. Поголемата маржа и стабилната побарувачка овозможуваат:
Во услови на засилена конкуренција во малопродажбата во Македонија, ваквиот модел обезбедува долгорочна одржливост и стабилен раст.
Во 2024 година, dm се најде на 105. место на ранг листата на најголемите македонски компании и на 190. место на ранг листата на најуспешните компании.
Компанијата остварила вкупен приход од 3.005.998.745 денари и добивка пред оданочување од 125.440.715 денари.
Изразено во проценти, компанијата оставрила раст на вкупните приходи за 26,12% во споредба со претходната година и раст на добивката пред оданочување за 17,60%.
Согласно на зголемените финансиски параметри, компанијата во однос на претходната година се искачи за 14 места погоре на ранг листата на најуспешните и за 8 места погоре на ранг листата на најголемите македонски компании.
Дополнително, во период на една година компанијата значително го зголемила и просечниот број на вработени од 206, на 262, што, процентуално е зголемување за околу 25% во однос на претходната година.
Зголемувањето на бројот на вработени се должи и на проширувањето на синџирот продавници низ Македонија, откако компанијата го зголеми својот број на продажни објекти на 24.

Во 2024 година, dm во Македонија беше присутен со 24 продажни објекти, од кои 14 во Скопје, по еден продажен објект во Тетово, Велес, Куманово, Битола, Струмица, Гостивар, Струга и Охрид и 2 продажни објекта во Штип.
Стратегијата на приватни марки на dm не е само комерцијален потег, туку долгорочна бизнис-филозофија.
Со внимателно градење сопствени брендови, компанијата создава конкурентска предност што се темели на доверба, квалитет и контролирана вредносна понуда.
Токму оваа комбинација на стратегија, дисциплина и иновација го позиционира dm како модерен и стабилен малопродажен лидер, способен да одговори на новите потрошувачки трендови и економски предизвици.
13-03-2026
12-03-2026
15-01-2026
Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.
Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт