Вторник, 21 Април 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Винарска Визба Тиквеш - Градење винарска традиција со врвни македонски вина, од 1885 година.

„Тиквеш“ — најголемата винарска визба во Македонија. Според правниот статус, таа е акционерско друштво, со седиште во Скопје.

Врвните вина кои се резултат на совршениот спој на земјата, небото, сонцето, најдоброто грозје од тиквешкиот регион и најсовремената технологија и знаење на винските мајстори, гордо го претставуваат „Тиквеш“ и Тиквешкиот регион, кој уште од 1885 година е симболот на вековната винска традиција во Македонија.

ВВ Тиквеш од 2009 година речиси секоја година е редовен учесник во едицијата 200 Најголеми и Најуспешни. Забележаа успешни резултати за 2022 година, и тоа со раст во вкупниот приход и во вкупната добивка пред оданочување. Раст во приходот е забележан од 40,5% и раст во добивката пред оданочување од 26,5%. Заедно со тоа рангирани беа на 99 место на најголеми и на 76 место на најуспешни компании за 2022 година.

Во рамките на одбележувањето на 130-годишнината, во 2015 година, ВВ „Тиквеш“ отворила дигитален музеј посветен на уметноста на создавањето врвно вино во Македонија. Фотографиите и информациите кои го сочинуваат дигиталниот музеј се достапни на интернет страната на Тиквеш.

Во ноември 2018 година, ВВ „Тиквеш“ се проширила и на меѓународниот пазар преку преземање на француската винарија „Château de Gourdon“ формирајќи ја заедничката бренд-платформа „Tikveš Châteaux & Domaines“.

Во „Тиквеш“ се обидуваат во нивните вина да прикажат сè што нашите сликари и музичари се стремеле да прикажат во нивната уметност.

Пред скоро време Винарија Тиквеш учествуваше на SuperWine, најпрестижниот вински настан во Југоисточна Европа, во Buddha-Bar Beach Porto Montenegro, кој ги собра водечките винарии и љубители на вино од регионот и пошироко.

Производите на ВВ Тиквеш - Стариот добар квалитет во ново руво

Нови шишиња, но стар добар квалитет. ВВ „Тиквеш“ годинава ја доби наградата „Најдобар производител – Република Македонија“, а благодарение на добрите финансиски резултати, пак котираше меѓу првите 100 Најголеми и Најуспешни македонски компании.

Македонски Телеком најави нова ера на комуникација: Без бариери и со неограничен интернет

Неограничен интернет, бесплатен роаминг, гигабитни брзини... Ова се само дел од новитетите што Македонски Телеком ги најави за своите корисници. Доказ дека заслужено се најде на 3 место меѓу Најуспешните македонски компании.

Зошто A1 Net Sef е услуга која привлекува сè поголем број корисници?

А1 Македонија со години наназад е дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ. Зошто услугата А1 Net Sef e пресудна при изборот на мобилен оператор кај голем број корисници?
Годишно издание

The “200 Largest and Successful” review is very helpful for us from the international community. Indeed, the French Embassy is always looking for useful economic indicators and your review allow us to be well informed and to easily identify the most important economic agents of the Macedonian market. Your publication is also one of the best to stay up-to-date with Macedonian fast-moving economy and we are pleased to receive each new edition.

Laurence Auer, Амбасадорот на Франција во Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт