Вторник, 21 Април 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

ВИК МАКЕДОНИЈА - создавање вредности

ВИК преставува странска директна инвестиција која во Македонија како дел од групацијата ВИК е формирана во 2016-та година.

Групацијата ВИК е формирана во почетокот на 50-те години во Германија како производител на електрични апарати кој прерасна во глобален производител кој има дизајнирано и развиено различни системски решенија и произведено милиони производи. 

Благодарение на 6000 вработени вклучувајќи и 350 инжинери компанијата успеа да стане глобален производител и сервисер на многу водечки интернационални брендови.

Со цел да ги исполнат барањата на нивните глобални клиенти за иновации на високо конкурентен пазар, додадоа нова фабрика во Прилеп, Северна Македонија. Ова претставува дополнителна географска флексибилност и конкурентност на нивните клиенти.


Во 2022 година ВИК МАКЕДОНИЈА се најде на листати на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ 2ра година во низа. Успеаа да го заземат 152 место на листата на најголеми и 90 место на листата на најуспешни компании за годината. Раст забележуваат во нивните вкупни приходи и тоа од 31,1% во споредба со минатата година.

Просечениот број на вработени во ВИК МАКЕДОНИЈА за 2022 година изнесувал 378.

Производите на ВВ Тиквеш - Стариот добар квалитет во ново руво

Нови шишиња, но стар добар квалитет. ВВ „Тиквеш“ годинава ја доби наградата „Најдобар производител – Република Македонија“, а благодарение на добрите финансиски резултати, пак котираше меѓу првите 100 Најголеми и Најуспешни македонски компании.

Македонски Телеком најави нова ера на комуникација: Без бариери и со неограничен интернет

Неограничен интернет, бесплатен роаминг, гигабитни брзини... Ова се само дел од новитетите што Македонски Телеком ги најави за своите корисници. Доказ дека заслужено се најде на 3 место меѓу Најуспешните македонски компании.

Зошто A1 Net Sef е услуга која привлекува сè поголем број корисници?

А1 Македонија со години наназад е дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ. Зошто услугата А1 Net Sef e пресудна при изборот на мобилен оператор кај голем број корисници?
Годишно издание

Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.

Државен завод за статистика

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт