Вторник, 21 Април 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

ВАРДАРГРАДБА - ГОЛЕМИ МЕЃУ НАЈГОЛЕМИТЕ

ВАРДАРГРАДБА се вбројува во една од посериозните компании која значително учествува со градежни активности од поголем обем на нашиот пазар.

Основна дејност на фирмата е изведба на хидро-градежни објекти и објекти од висока градба како и производство на градежни производи песок, бетон и др.

Се наоѓаат на три локации во Скопје и тоа: во н.м.Трубарево, општина Гази Баба (Управа, Сепарација, Бетонска база), подружница Бардовци, општина Карпош (Сепарација) и Подружница Подцуцул – Говрлево, општина Сопиште (Каменолом за варовник).

Во 2021 година по 9ти пат се најдоа на листата на 200 Најуспешни компании во Македонија и успеаа да го заземат 131то место. Воедно на тоа, нивната добивка пред оданочување исто така забележува раст. Растот во споредба со 2020 година изнесува 23,31%


“Вардарградба“ ДОО е компанија која како правно лице, со нејзиниот промет на работа и дејствување е вклучена во сите области на животната средина.

Во 2014 година „Вардарградба„ ДОО го сертифицираше и стандардот за Управување со животна средина ISO 14001:2004 и во 2017 год. изврши транзиција во ISO 14001:2015. .

Сеопфатна цел на овој меѓународен стандард е да ја поддржи заштитата на животната средина и да го спречи влијанието на загадувањето во воздухот, површинските и подземните води и во почвата. Ваков систем за управување со животната средина е неопходен како на ниво на компанијата, така и на ниво на државата, а се со цел постигнување глобален одржлив развој, во интерес на идните генерации.


Така во Вардарградба имаме систем на  Управување со повеќето видови на отпад:

Како пример ќе го наведеме комуналниот отпад.
Постапувањето со комуналниот отпад од административната зграда и инсталацијата на „Вардарградба“ ДОО се врши по пат на селектирање на отпадот според вид на отпад и истиот се складира во посебни садови на соодветни места. Количеството на создаден/предаден отпад соодветно се евидентира во Евидентни листи за постапување со отпад, пропишани од законската регулатива на Р. С. Македонија. Во административната зграда се поставени и специјални кутии за собирање на искористена хартија со цел рециклирање на истата.

Во продолжение Ви претставуваме и неколку од нивните проекти. Тоа се:

ООУ Киро Глигоров – Општина Центар
ОУ Кочо Рацин – Општина Петровец
Фабрика Текспорт Дооел
Пречистителни станици за отпадни води Радовиш Кичево и Струмица
Изградба на станбено деловен објект – Општина Аеродром

Производите на ВВ Тиквеш - Стариот добар квалитет во ново руво

Нови шишиња, но стар добар квалитет. ВВ „Тиквеш“ годинава ја доби наградата „Најдобар производител – Република Македонија“, а благодарение на добрите финансиски резултати, пак котираше меѓу првите 100 Најголеми и Најуспешни македонски компании.

Македонски Телеком најави нова ера на комуникација: Без бариери и со неограничен интернет

Неограничен интернет, бесплатен роаминг, гигабитни брзини... Ова се само дел од новитетите што Македонски Телеком ги најави за своите корисници. Доказ дека заслужено се најде на 3 место меѓу Најуспешните македонски компании.

Зошто A1 Net Sef е услуга која привлекува сè поголем број корисници?

А1 Македонија со години наназад е дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ. Зошто услугата А1 Net Sef e пресудна при изборот на мобилен оператор кај голем број корисници?
Годишно издание

Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.

Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД, Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт