Вторник, 21 Април 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Успехот на осигурителниот сектор во последните 5 години

Успешното работење на осигурителните компании најдобро може да се согледа доколку ја разгледаме бруто полисираната премија која тие ја остваруваат во една година.

Почнувајќи од 2018 година, може да забележиме дека има некои падови во оваа ставка, но сепак во 2022 година е остварен значително повисок износ на вкупната бруто полисирана  премија.

Почнувајќи со 10,2 милијарди денари во 2018 година, следи мало намалување од 1,8% во 2019 кога 15те осигурителни компании на македонскиот пазар оствариле нешто повеќе од 10 милијарди денари бруто полисирана премија. Веќе од 2020 почнува зголемувањето и тоа за 0,6% во 2020, 14,9% во 2021 година и 9,9% во 2022 година.

 

Во 2022 биле остварени 12,8 милијарди денари бруто полисирана премија, што е за 24,8% повеќе во однос на 2018 година. 


Во однос на добивката пред оданочување, во 2018та година осигурителните компании оствариле вкупно 595,9 милиони денари, а во 2022ра таа е зголемена за 39,9% на 833,8 милиони денари. Во 2019 и 2021 година има пад на вкупната добивка, но сепак е воочливо зголемена за периодот од 5 години. 


Бројот на вработени во 2018та бил 1923 лица. Во 2019 се намалил на 1793, а потоа пак се зголемува, но сепак во 2022ра сеуште не е достигната бројката од 1923, па така компаниите вкупно вработувале 1905 лица во 2022 година. 


Производите на ВВ Тиквеш - Стариот добар квалитет во ново руво

Нови шишиња, но стар добар квалитет. ВВ „Тиквеш“ годинава ја доби наградата „Најдобар производител – Република Македонија“, а благодарение на добрите финансиски резултати, пак котираше меѓу првите 100 Најголеми и Најуспешни македонски компании.

Македонски Телеком најави нова ера на комуникација: Без бариери и со неограничен интернет

Неограничен интернет, бесплатен роаминг, гигабитни брзини... Ова се само дел од новитетите што Македонски Телеком ги најави за своите корисници. Доказ дека заслужено се најде на 3 место меѓу Најуспешните македонски компании.

Зошто A1 Net Sef е услуга која привлекува сè поголем број корисници?

А1 Македонија со години наназад е дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ. Зошто услугата А1 Net Sef e пресудна при изборот на мобилен оператор кај голем број корисници?
Годишно издание

Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.

Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД, Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт