Вторник, 21 Април 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Триглав Осигурување е најголемата осигурителна компанија во изминатите 11 години

Најголемата осигурителна компанија во Македонија постои уште од 1968 година како дел од Заводот за осигурување на имот и лица на Југославија, а со неколку трансформации низ годините официјално станува дел од групацијата Триглав во 2007 година.

Триглав осигурување во своите услуги првично опфаќаше неживотно осигурување, а од 2019 година го формираше и друштвото за животно осигурување познато како Триглав осигурување живот АД. 

Со остварена бруто полисирана премија од 1,52 милијарди денари Триглав осигурување го задржа првото место на ранг листата на најголеми осигурителни компании како и во претходните 11 години. 2022 година ја одбележа со пораст на бруто полисираната премија од 13,9% додека добивката пред оданочување се зголеми за 42% во споредба со претходната година и изнесуваше 47,7 милиони денари. 

Ваквата добивка ја рангираше компанијата на 7. место според успешност, додека ако ги погледнеме само неживотните компании тогаш Триглав се наоѓа на 5. место според успешност. 

Значителни успеси забележуваме и кај друштвото за животно осигурување каде бруто полисираната премија се зголеми за огромни 215,9% во 2021 и дури 84,2% во 2022 година. Во 2022 апсолутниот износ на оваа ставка изнесуваше 367,4 милиони денари, додека остварената добивка беше 2 милиони.

 

Од податоците со кои располага 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ, Триглав Осигурување вработува 215 лица во изминатата година, а Триглав Осигурување Живот вработува 44 лица. 

Повеќе податоци и информации за двете друштва може да најдете во делот за податоци за осигурителни компании. 

 

Производите на ВВ Тиквеш - Стариот добар квалитет во ново руво

Нови шишиња, но стар добар квалитет. ВВ „Тиквеш“ годинава ја доби наградата „Најдобар производител – Република Македонија“, а благодарение на добрите финансиски резултати, пак котираше меѓу првите 100 Најголеми и Најуспешни македонски компании.

Македонски Телеком најави нова ера на комуникација: Без бариери и со неограничен интернет

Неограничен интернет, бесплатен роаминг, гигабитни брзини... Ова се само дел од новитетите што Македонски Телеком ги најави за своите корисници. Доказ дека заслужено се најде на 3 место меѓу Најуспешните македонски компании.

Зошто A1 Net Sef е услуга која привлекува сè поголем број корисници?

А1 Македонија со години наназад е дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ. Зошто услугата А1 Net Sef e пресудна при изборот на мобилен оператор кај голем број корисници?
Годишно издание

The “200 Largest and Successful” review is very helpful for us from the international community. Indeed, the French Embassy is always looking for useful economic indicators and your review allow us to be well informed and to easily identify the most important economic agents of the Macedonian market. Your publication is also one of the best to stay up-to-date with Macedonian fast-moving economy and we are pleased to receive each new edition.

Laurence Auer, Амбасадорот на Франција во Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт