Петок, 17 Април 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Триглав Осигурување - Доброволно приватно здравствено осигурување за поголема грижа за здравјето

Здравјето е најголемото богатство, а пакет осигурувањата за доброволно приватно здравствено осигурување на Триглав се тука за да ви овозможат фер борба - тогаш кога ви е најпотребна.

Здравјето е најголемото богатство, но современиот начин на живот често носи ситуации кога ни е потребна брза и квалитетна медицинска услуга, а осигурувањето се покажува како мудра инвестиција која би можела да биде од корист во иднина – тогаш кога ни е најпотребна.

Токму затоа, сè повеќе луѓе избираат дополнителна здравствена заштита преку доброволно приватно здравствено осигурување.

Триглав Осигурување како втора најголема македонска осигурителна компанија во рамки на проектот 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ и како лидер во својата дејност, нуди современи решенија за здравствена заштита кои овозможуваат побрз пристап до медицински услуги, дијагностика и третман, без долги листи на чекање.

Што претставува доброволното приватно здравствено осигурување?

Доброволното приватно здравствено осигурување е дополнителна форма на здравствена заштита која ги покрива трошоците за медицински услуги во случај на болест или повреда.

Со ова осигурување се покриваат трошоците за специјалистички здравствени услуги, дијагностицирање и лекување во приватните здравствени институции, како и услугите кои што не се опфатени со задолжителното здравствено осигурување, а се обезбедуваат во јавните здравствени институции.

Овој тип на осигурување им овозможува на осигурениците побрзо да добијат медицинска помош и да изберат здравствена установа или лекар според своите потреби.

Дополнително, компанијата нуди различни пакети кои се во согласност со буџетот на клиентите и со нивните потреби.

Предности на приватното здравствено осигурување

Една од најголемите предности е можноста за брз пристап до здравствени услуги. Со приватно здравствено осигурување, пациентите можат побрзо да закажат преглед, дијагностика или терапија, без долги чекања.

Дополнително, осигурениците имаат можност да користат услуги од различни здравствени установи и специјалисти, што овозможува поголема флексибилност и подобра грижа за здравјето, преку можност за посета на приватни клиники и врвни специјалисти што дава сигурност и значително го намалува стресот.

Што може да покрива осигурувањето?

Во зависност од пакетот, приватното здравствено осигурување може да опфати:

  • прегледи кај општ лекар и специјалист
  • лабораториски анализи
  • дијагностички испитувања
  • одредени амбулантни медицински интервенции
  • медицински транспорт или други здравствени услуги

Ваквото покритие им овозможува на осигурениците да имаат поголема финансиска сигурност во ситуации кога им е потребна медицинска помош.

Кој може да биде корисник на приватното здравствено осигурување?

Пакетите што се нудат овозможуваат да се осигурите себе си, но и дополнително да ги осигурате и децата во семејството, со што ќе обезбедите квалитетна медицинска грижа за целото семејство.

Притоа, од компанијата нагласуваат дека корисник на доброволното приватно здравствено осигурување може да биде само лице кое има статус на осигуреник во задолжителното здравствено осигурување.

Децата, поточно лицата помлади од 18 години, можат да се осигурат единствено на иста полиса со родителот.

Инвестиција во сопственото здравје

Во време кога грижата за здравјето станува сè поважна, доброволното приватно здравствено осигурување претставува инвестиција во сигурна и квалитетна здравствена заштита.

Дополнително, квалитетната медицинска нега е неопходна за рано детектирање и справување со голем број здравствени проблеми, а сè е полесно кога знаете дека до себе имате вистински партнер кој ќе ви помогне да ги задоволите таквите потреби.

Со ваквите решенија и квалитетните пакети, Триглав Осигурување им овозможува на клиентите поголема сигурност, побрз пристап до медицински услуги и спокојство, затоа што знаат дека во случај на здравствен проблем ќе ја добијат потребната грижа навреме.

Дополнително, квалитетните дигитални решенија што ги нуди компанијата овозможуваат брз пристап до услугите и до склучувањето полиси, како и да направите приближна пресметка на месечните рати, но и на премијата што би ја добиле како покритие во случај на лекување.

Доброволното приватно здравствено осигурување е само еден од низата квалитетни продукти и финансиски инструменти што ги нуди Триглав Осигурување, а зарди кои ја заема лидерската позиција во својата дејност на македонскиот пазар.

Доказ за квалитетното работење се и позитивните финансиски параметри, што покажуваат дека Триглав Осигурување е една од најголемите македонски компании.

Во 2024 година, компанијата повторно оствари извонредни резултати, потврдувајќи го своето место како еден од клучните играчи на пазарот со осигурување.

Доказ за тоа се и високите позиции на ранг листите во рамки на семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ.

Со бруто полисирана премија во износ од 1.618.108.314 денари и добивка пред оданочување од 64.447.922 денари, компанијата се искачи на високото 2. место на ранг листата на најголемите осигурителни компании и на 6. место на ранг листата на најуспешните осигурителни компании.

Изборот на приватно здравствено осигурување не е само финансиска одлука – тоа е одлука за подобар квалитет на живот. Со вистинска заштита, секој може да биде сигурен дека ќе ја добие потребната медицинска грижа кога му е најпотребна.

Производите на ВВ Тиквеш - Стариот добар квалитет во ново руво

Нови шишиња, но стар добар квалитет. ВВ „Тиквеш“ годинава ја доби наградата „Најдобар производител – Република Македонија“, а благодарение на добрите финансиски резултати, пак котираше меѓу првите 100 Најголеми и Најуспешни македонски компании.

Македонски Телеком најави нова ера на комуникација: Без бариери и со неограничен интернет

Неограничен интернет, бесплатен роаминг, гигабитни брзини... Ова се само дел од новитетите што Македонски Телеком ги најави за своите корисници. Доказ дека заслужено се најде на 3 место меѓу Најуспешните македонски компании.

Зошто A1 Net Sef е услуга која привлекува сè поголем број корисници?

А1 Македонија со години наназад е дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ. Зошто услугата А1 Net Sef e пресудна при изборот на мобилен оператор кај голем број корисници?
Годишно издание

Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.

Државен завод за статистика

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт