Осигурувањето денес игра сè поважна улога во финансиската сигурност на граѓаните и компаниите.
Во таа насока, Триглав Осигурување, како една од најголемите и најуспешните осигурителни македонски компании, постојано работи на унапредување на своите услуги и на развој на современи решенија кои ќе одговорат на потребите на клиентите.
Како компанија со повеќедецениска традиција и историја, Триглав Осигурување успеа да изгради рејтинг на доверлив партнер за физичките лица и компаниите кој ги остварува дадените ветувања и гради доверба кај своите клиенти.

Компанијата континуирано инвестира во подобрување на своите производи и во модернизација на услугите со цел клиентите да добијат побрза, поедноставна и поефикасна услуга.
Ова значи дека осигурениците можат полесно да ги користат услугите, да пријавуваат штети и да добиваат поддршка кога им е најпотребна.
Во време кога дигитализацијата станува клучен фактор за развој, осигурителните компании се насочуваат кон воведување нови технологии кои го поедноставуваат процесот на комуникација со клиентите. Токму затоа, современите дигитални решенија стануваат важен дел од услугите што ги нуди компанијата.

Во таа насока, компанијата ги дизајнираше новите пакети за здравствено патнилко осигурување Travel Smart и Travel Smart Plus, коишто се дизајнирани да понудат флексибилна, достапна и сигурна заштита за секој вид патување.
Со новата понуда, клиентите добиваат можност сами да го креираат нивото на заштита, да одберат територијално покритие и да вклучат дополнителни покритија, со што осигурувањето го прилагодуваат на нивните вистински потреби.
Новото здравствено патничко осигурување овозможува избор на три територијални покритија – Соседни земји, Европа и Свет, а клиентите можат да го изберат пакетот и нивото на заштита што им е потребно:
Пакет Travel Smart, со покритие до 30.000 евра – исплатливо решение за патниците со стандардни потреби за заштита, кои бараат основно покритие по прифатлива цена;
Пакет Travel Smart Plus, со покритие до 50.000 евра – проширена заштита, со повисоки лимити и повеќе можности за надградба.
Покрај основните покритија, клиентите имаат можност да изберат и да додадат и некое од новите, дополнителни покритија, кои се наведени на веб страницата на команијата.
Со цел да им ја олесни пристапноста на своите клиенти и да им овозможи што е можно побрзо склучување на полиси, без дополнителни чекања, редици и турканици, компанијата нуди можност целиот процес да се изведе онлајн, преку дигиталните процеси што ги нуди.

Довербата е една од најважните вредности во осигурителниот сектор. Клиентите очекуваат сигурност, транспарентност и брза реакција во ситуации кога им е потребна финансиска заштита.
Со долгогодишно искуство на пазарот, Триглав Осигурување успеа да изгради силна позиција и стабилна репутација.
Компанијата постојано работи на подобрување на процесите и на одржување високи стандарди во работењето.
Покрај развојот на нови услуги, компанијата се фокусира и на долгорочен развој и иновации. Целта е да се создадат решенија кои ќе овозможат поголема финансиска сигурност за клиентите и подобра заштита од ризици.
Осигурувањето денес не е само финансиски производ или луксуз – тоа претставува важен дел од планирањето на иднината и обезбедување на сопствениот имот и живот, затоа што животот сам по себе е непредвидлив.
Со модерни услуги и професионален пристап, компанијата продолжува да ја гради својата позиција како сигурен партнер на клиентите.

Во современиот начин на живот, ризиците се неизбежни – од патувања и сообраќајни незгоди до здравствени и имотни ризици. Затоа осигурувањето станува сè поважен инструмент за финансиска стабилност.
Преку своите производи и услуги, Триглав Осигурување има за цел да обезбеди сигурност и мир за своите клиенти, овозможувајќи им да се фокусираат на она што им е најважно – нивниот живот, семејството и бизнисот.
Во 2024 година, компанијата повторно оствари извонредни резултати, потврдувајќи го своето место како еден од клучните играчи на пазарот со осигурување.
Доказ за тоа се и високите позиции на ранг листите во рамки на семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ.
Со бруто полисирана премија во износ од 1.618.108.314 денари и добивка пред оданочување од 64.447.922 денари, компанијата се искачи на високото 2. место на ранг листата на најголемите осигурителни компании и на 6. место на ранг листата на најуспешните осигурителни компании.
Профилот на компанијата можете да го погледнете на следниот ЛИНК.
13-03-2026
12-03-2026
15-01-2026
Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.
Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.
Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт