Низ годините, Телекабел постигнува видлив успех во работењето и значително ја зголемува својата мрежа на корисници, како и услугите кои ги нуди во интернет, фиксната и мобилната телефонија. Денес компанијата располага со многу километри поставена мрежа, близу 250 вработени, а своите услуги ги нуди во 17 македонски градови.
Своите услуги Телекабел ги нуди без обврзувачки договори за своите клиенти и во тоа поле е единствена компанија на пазарот. Во нивните услуги се вклучени телевизија, интернет, фиксна и мобилна телефонија. Телевизиските пакети на Телекабел опфаќаат аналогна и дигитална телевизија како и HD канали со висок квалитет, додека интернет понудата се состои од кабелски и оптички интернет, а клиентите може да го изберат пакетот согласно своите потреби за брзина и сообраќај.
Во однос на телефонијата, Телекабел нуди различни пакети на фиксна и мобилна телефонија кои исто така се без обврзувачки договор. Фиксната телефонија е базирана на VoIP (Voice over Internet Protocol) кој е една од најновите технологии за пренос на глас преку интернет, наместо преку традиционална телефонска мрежа. Оваа технологија овозможува комуникација со сите фиксни и мобилни оператори низ светот.

Најопширна понуда Телекабел нуди во делот на мобилната телефонија, каде што има повеќе различни пакети за разговори и мобилен интернет кој го добива корисникот, а исто така и пакети за роаминг услуги и други услуги кои што секојдневно се користат преку мобилните апарати како на пример услуги за плаќање паркинг или пренасочување повици и слично.
Услугите кои ги нуди Телекабел се креирани ставајќи го во фокус корисникот и неговите потреби, како и неговата слобода да ги користи услугите во посакуваниот период без никакви обврзувања или пенали доколку корисникот одлучи да го промени својот оператор. Ова се само неколку од причините зошто Телекабел доживеа толку голем успех на пазарот и веќе 16 години е дел и од најуспешните компании во Македонија. Повеќе податоци за работењето на Телекабел може да најдете на нивниот профил следејќи го овој линк.
13-03-2026
12-03-2026
15-01-2026
Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.
Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.
Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт