Вторник, 21 Април 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Текстилната индустрија во 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

Ви прикажуваме кратка анализа на фирмите од текстилната индустрија кои се во 200 Најголеми и најуспешни за 2021 година.

Компаниите кои се занимаваат со текстил и негова преработка како и добивање производи од текстил, секоја година не изостануваат од нашите листи, а за некои од нив може да се каже дека се и доста успешни. 

Од прикажаните податоци за 4те компании од оваа дејност забележуваме дека најголем вкупен приход има остварено Комфи-Ангел од Прилеп, додека најголема добивка пред оданочување има остварено Техникал Текстајлс од Штип. Доколку го погледнеме процентуалното движење на параметрите, воочлив е растот на приходот и добивката на компанијата Декор Текстил од Гостивар, која во 2021 прв пат се рангира помеѓу 200те најголеми и 200те најуспешни фирми. 



Заклучно со декември 2021 година, компаниите од текстилната индустрија кои се опфатени во 200 Најголеми и најуспешни вработуваат речиси 2900 луѓе, а тоа е релативно висок придонес за вработеноста во државата. 

Ова се само дел од податоците, меѓутоа многу повеќе податоци и анализи може да се најдат на профилите на компаниите и во изданието 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ.


Производите на ВВ Тиквеш - Стариот добар квалитет во ново руво

Нови шишиња, но стар добар квалитет. ВВ „Тиквеш“ годинава ја доби наградата „Најдобар производител – Република Македонија“, а благодарение на добрите финансиски резултати, пак котираше меѓу првите 100 Најголеми и Најуспешни македонски компании.

Македонски Телеком најави нова ера на комуникација: Без бариери и со неограничен интернет

Неограничен интернет, бесплатен роаминг, гигабитни брзини... Ова се само дел од новитетите што Македонски Телеком ги најави за своите корисници. Доказ дека заслужено се најде на 3 место меѓу Најуспешните македонски компании.

Зошто A1 Net Sef е услуга која привлекува сè поголем број корисници?

А1 Македонија со години наназад е дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ. Зошто услугата А1 Net Sef e пресудна при изборот на мобилен оператор кај голем број корисници?
Годишно издание

Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.

Државен завод за статистика

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт