Тиго Фајнанс е компанија основана во 2017 година со основна дејност брзо кредитирање на населението. Станува збор за современа компанија со високи професионални стандарди која се води по принципите на целосна посветеност и транспарентност во работењето и на тој начин е се поуспешна од година во година.
Компанијата исто така е и основач на Асоцијацијата на Финансиски Друштва и се залага за одговорно кредитирање на физички лица, а се со цел долгорочна и позитивна соработка и подобра заштита на своите клиенти.

Како Тиго Фајнанс ја заврши 2021 година? Компанијата во 2021 година бележи значително зголемување на добивката пред оданочување. Ако се спореди со 2020 година, може да забележиме дека станува збор за зголемување од 146,82%. Со ова, Тиго Фајнанс е и една од најбрзо растечките компании, рангирана на 49то место на листата на најбрзо растечки компании.
Заклучно со 31.12.2021 просечниот број на вработени е 70 луѓе.
13-03-2026
12-03-2026
15-01-2026
Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.
Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.
Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт