Вторник, 21 Април 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Споредба на 10те најголеми компании во Македонија, Словенија и Хрватска

Освен податоците за македонската економија и македонските компании, 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ ги опфаќа и земјите од регионот и ги претставува 50те најголеми и 50те најуспешни од Хрватска и Словенија.

Анализата која ја претставуваме подолу низ табели и графикони ги споредува 10те најголеми компании од земјите и нивниот вкупен приход за 2021 година.

Забележуваме воочлива разлика помеѓу вкупниот приход помеѓу земјите, како поединечно по рангови така и на збирната сума. Македонија и покрај тоа што има многу висок приход кај првата компанија, сепак останува како најмала односно компаниите имаат остварено многу пониски приходи во однос на компаниите од Словенија и Хрватска. 


Низ бројки, најголемата компанија во Македонија има остварено приход од 2.079.781.011 евра додека најголемата компанија во Словенија има 3.858.604.894 евра, што е за 85,53% повеќе. Помала е разликата во однос на Хрватска каде најголемата компанија има остварено приход од 2.972.376.883 евра или во проценти 42,92% повеќе од Македонија.

 

Доколку ја погледнеме вкупната разлика, првите 10 компании од Словенија имаат генерирано приход од 20.993.614.060 евра, што е за 369% повеќе од генерираниот приход од страна на 10те најголеми компании во Македонија. Со Хрватска разликата е 194,7%, а нивниот вкупно генериран приход е 13.191.585.936 евра. 


Словенија е исто така поголема и од Хрватска, а разликата во вкупно генерираните приходи е 59,14% во полза на Словенија. 


Производите на ВВ Тиквеш - Стариот добар квалитет во ново руво

Нови шишиња, но стар добар квалитет. ВВ „Тиквеш“ годинава ја доби наградата „Најдобар производител – Република Македонија“, а благодарение на добрите финансиски резултати, пак котираше меѓу првите 100 Најголеми и Најуспешни македонски компании.

Македонски Телеком најави нова ера на комуникација: Без бариери и со неограничен интернет

Неограничен интернет, бесплатен роаминг, гигабитни брзини... Ова се само дел од новитетите што Македонски Телеком ги најави за своите корисници. Доказ дека заслужено се најде на 3 место меѓу Најуспешните македонски компании.

Зошто A1 Net Sef е услуга која привлекува сè поголем број корисници?

А1 Македонија со години наназад е дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ. Зошто услугата А1 Net Sef e пресудна при изборот на мобилен оператор кај голем број корисници?
Годишно издание

Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.

Државен завод за статистика

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт