Вторник, 21 Април 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

СТЕНТОН ГРАДБА ДОО – градежна компанија со долгогодишно искуство

Стентон е водечка градежна компанија во регионот која повеќе од 18 години го обезбедува пазарот со висококвалитетни производи и услуги од областа на градежништвото.

Стентон Градба е основана во 2003 година како компанија која започна со производство на градежни материјали, а подоцна и со изведба на договорни проекти за приватни лица.

Во 2022 година повторно се најдоа на листата на 200 Најуспешни компании во Македонија. Успеаа да го заземат 178то место на листата, а воедно и ја зголемија својата добивка пред оданочување од 7,29% во споредба со минатата година. 

Исто така можеме да забележиме и значителен раст во бројот на вработени во фирмата. Имено за 2021 просечениот број на вработени изнесувал 132 додека пак во 2022 тоа бил 154 вработени. 

Како една од водечките компании во секторот на градежништвото постојат повеќе од осумнаесет години на пазарот, обезбедувајќи комплетен опсег на производи и услуги од областа на градежништвото.

Нивните услуги сочинуваат ископ и сепарација на камен агрегат во сите фракции, производство на бетон, проектирање, изградба и надзор на објекти од нискоградба, високоградба, хидроградба, мостови, патишта, транспорт на градежни материјали и други градежни работи.

Некои од нивните последни завршени проекти се Изградба на локални улици во с.Баниште Општина Дебар, Џепиште-Требиште, Реконструкција на ул. „Солунска“ во Битола.

Производите на ВВ Тиквеш - Стариот добар квалитет во ново руво

Нови шишиња, но стар добар квалитет. ВВ „Тиквеш“ годинава ја доби наградата „Најдобар производител – Република Македонија“, а благодарение на добрите финансиски резултати, пак котираше меѓу првите 100 Најголеми и Најуспешни македонски компании.

Македонски Телеком најави нова ера на комуникација: Без бариери и со неограничен интернет

Неограничен интернет, бесплатен роаминг, гигабитни брзини... Ова се само дел од новитетите што Македонски Телеком ги најави за своите корисници. Доказ дека заслужено се најде на 3 место меѓу Најуспешните македонски компании.

Зошто A1 Net Sef е услуга која привлекува сè поголем број корисници?

А1 Македонија со години наназад е дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ. Зошто услугата А1 Net Sef e пресудна при изборот на мобилен оператор кај голем број корисници?
Годишно издание

Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.

Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД, Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт