Петок, 17 Април 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

САСА – најголем рудник за олово и цинк во Македонија

Рудникот САСА се наоѓа во североисточниот дел од земјата, во близина на Македонска Каменица и претставува најголем подземен рудник во Северна Македонија.

Од 2017 година, рудникот САСА е дел од интернационалната рударска компанија Централ Азија Металс. 

Рудник има стабилно производство од 820.000 тони годишна количина добиена и транспортирана руда, притоа користејќи најсовремена опрема која одговара на највисоките бебзедносни стандарди. Во рудникот се произведуваат околу 35.000 тони олово и 43.000 тони цинк.

Исто така рудник САСА е првиот рудник во Република Северна Македонија кој има добиено А-интегрирана еколошка дозвола од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање.

САСА ДООЕЛ е една од најуспешните компании во Македонија низ годините наназад.Така, во 2022 година повторно се најдоа помеѓу најусшените 5 компании (рангирани според добивката пред оданочување) и успеаа да го заземат 3то место

Нивната добивка изнесувала 45,453,301 евра, што претставува раст од 13.6% во споредба со 2021 година.


Истовремено САСА е најголем работодавач во Источниот регион на Северна Македонија, а приоритет се дава на локалното вработување. Во рудникот се вработени околу 750 лица, од кои 88% се од локалната општина Македонска Каменица. 

Работата и иднината на рудникот се темелат на коцептот за одржлив развој и нераскинливо се поврзани со животот и просперитетот на заедницата. Поддршката што ја обезбедува САСА на државно и општинско ниво директно придонесува за изградба на локалната инфраструктура во и околу Македонска Каменица. Дополнително, преку својата Фондација, Саса секоја година вложува повеќе од 200.000 долари во поддршка на локалната заедница во области како што се образованието, науката, заштита на животната средина, здравствена заштитиа и ранливите социјални групи.

Производите на ВВ Тиквеш - Стариот добар квалитет во ново руво

Нови шишиња, но стар добар квалитет. ВВ „Тиквеш“ годинава ја доби наградата „Најдобар производител – Република Македонија“, а благодарение на добрите финансиски резултати, пак котираше меѓу првите 100 Најголеми и Најуспешни македонски компании.

Македонски Телеком најави нова ера на комуникација: Без бариери и со неограничен интернет

Неограничен интернет, бесплатен роаминг, гигабитни брзини... Ова се само дел од новитетите што Македонски Телеком ги најави за своите корисници. Доказ дека заслужено се најде на 3 место меѓу Најуспешните македонски компании.

Зошто A1 Net Sef е услуга која привлекува сè поголем број корисници?

А1 Македонија со години наназад е дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ. Зошто услугата А1 Net Sef e пресудна при изборот на мобилен оператор кај голем број корисници?
Годишно издание

Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.

Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД, Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт