Вторник, 21 Април 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Производите на Пекабеско - Протеини и здравје на вашата трпеза

Месото е важна состојка во секојдневната исхрана, а со производите на Пекабеско АД, никогаш нема да згрешите. Изберете квалитетни и вкусни деликатеси со гарантиран квалитет.

Пекабеско АД, Илинден е една од најуспешните македонски компании.

Станува збор за компанија во приватна сопственост, чијашто главна дејност е производство на сувомеснати производи и диструбиција на производи за широка потрошувачка.

Сувомеснатите производи – богат извор на протеини за подобро здравје

Живееме во свет во кој изборот на храна е сè поголем, но факт е дека месото и сувомесните деликатеси се еден од најбогатите природни извори на протеини, витамини и минерали, кои ни се неопходни за здрав и активен живот.

Протеините ни се неопходни за раст и одржување на мускулите, за регенерација на ткивата, за правилна функција на имунолошкиот систем, но и за создавање ензими и хормони.

Затоа секојдневната консумација на месото е неопходна, без разлика на возраста – токму заради тоа што месните производи се природно богати со вискоквалитетни протеини кои ги содржат сите важни аминокиселини, коишто телото не може само да ги произведе.

Месните производи комбинираат протеини и природни масти – комбинација што обезбедува долгорочна енергија и чувство на ситост.

Кога консумирате месни производи може да забележите дека имате:

  •         подобра концентрација,
  •         намалена потреба за грицкање,
  •         но и стабилни нивоа на енергија во текот на денот.

Затоа, многу нутриционисти препорачуваат умерена консумација на месо во првиот дел од денот – за да се задоволат енергетските потреби на организмот, а сувомеснатите производи на Пекабеско АД се вистински избор за вас.

Месото е одличен извор на важни витамини и минерали како:

  •         железо – особено хем-железо, кое телото најлесно го апсорбира;
  •         цинк – важен за имунитет и заздравување;
  •         витамин Б12 – неопходен за нервниот систем, а природно го има само во животински производи;
  •         витамини од групата Б – за енергија и метаболизам.

Зошто производите на Пекабеско АД се вистински избор?

Месните производи не мора да значат тешки или калорични оброци. 

Напротив, со правилен избор и умерена консумација, тие може да бидат дел од: протеински појадок, брз и хранлив ручек, здрава вечера но и практични мезе-комбинации.

Со комбинирање со зеленчук, свежи салати, интегрални житарки или нискомасни млечни производи, месото создава совршено избалансирани оброци.

Но, во свет каде што изборот на месни производи е огромен, што е она на што треба особено да обрнеме внимание?

Постојат четири главни точки на коишто треба да се обрне внимание, а тоа се:

  •         квалитетна суровина;
  •        строги безбедносни стандарди;
  •         редовни контроли во производството;
  •         правилно складирање и дистрибуција.

Оттука, станува јасно дека Пекабеско АД е компанија која внимава на сите овие критериуми и на вашата трпеза ги носи најквалитетните, највкусните, но и најбезбедните производи.

Станува збор за компанија која има 45 годишна традиција, но и која ги обезбедила сите неопходни и безбедносни стандарди во производството коишто гарантираат за квалитетот и безбедноста на трајните и полутрајните сувомеснати производи во нивната понуда.

Со имплементацијата на HACCP и стекнувањето ISO сертификатите, но и со редосвното тестирање на готовите производи, се гарантира квалитетот и безбедноста, па затоа Пекабеско со децении наназад е омилениот бренд на сувомеснати производи коишто ги консумираме како за појадок, така за ручек и лесна вечера, но и за мезе-седенки со пријателите и блиските.

Во 2012 година Пекабеско го отвори новиот Производствено – логистички центар во село Кадино, Илинден.

Центарот е со површина од 19.700 m2 и е изграден по сите европски и HACCP стандарди за производство на сувомесни производи.

Овој погон има капацитет за производство од 35 тони на ден, а располага со широка дистрибутивна мрежа и магацини со 7.500 палетни места на сите режими на лагерување.

Квалитетот и безбедноста клуч за уште една успешно реализирана година

Инвестициите во квалитетни и новоизградени погони за производство, но и во едукација и образование на кадрите се само уште еден чекор што придонесува Пекабеско АД да биде лидер и прв избор кога бираме здрави сувомеснати производи за нашата трпеза.

А квалитетот и препознатливиот вкус прават Пекабеско АД веќе 20 години да биде горд член на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ компании во Македонија.

Во 2023 година, Пекабеско АД се најде на 48. место на ранг листата на најголеми компании во Македонија и на 136. место на ранг листата на најуспешни компании.

Компанијата остварила вкупен приход од 5.540.269.400 денари и раст на добивката пред оданочување од 153.526.024 денари.

Процентуално, износот на растот на приходите во споредба со претходната 2022 година е за 3,40%, додека растот на добивката пред оданочување е за солидни 33,86%.

Компанијата обезбедува сигурна егзистенција за над 420 вработени, а во последните години освен што важи за лидер во прехранбената индустрија кај нас, таа е извозно ориентирана компанија, која своите производи ги пласира и на странските пазари.

Производите на ВВ Тиквеш - Стариот добар квалитет во ново руво

Нови шишиња, но стар добар квалитет. ВВ „Тиквеш“ годинава ја доби наградата „Најдобар производител – Република Македонија“, а благодарение на добрите финансиски резултати, пак котираше меѓу првите 100 Најголеми и Најуспешни македонски компании.

Македонски Телеком најави нова ера на комуникација: Без бариери и со неограничен интернет

Неограничен интернет, бесплатен роаминг, гигабитни брзини... Ова се само дел од новитетите што Македонски Телеком ги најави за своите корисници. Доказ дека заслужено се најде на 3 место меѓу Најуспешните македонски компании.

Зошто A1 Net Sef е услуга која привлекува сè поголем број корисници?

А1 Македонија со години наназад е дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ. Зошто услугата А1 Net Sef e пресудна при изборот на мобилен оператор кај голем број корисници?
Годишно издание

Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.

Државен завод за статистика

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт