Вторник, 21 Април 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Портрет на успехот на ИГМ Трејд

ИГМ Трејд е една од водечките компании во Македонија која ги отвори вратите во 1991 година. Со повеќе од 30 години искуство, компанијата важи за лидер во својата индустрија, со стабилна траекторија на раст и успех.

Во оваа анализа ги истражуваме финансиските резултати на ИГМ во текот на изминатите 20 години, откако се тие дел од 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ.

Ако ја погледнеме табелата, уште веднаш може да се забележи дека вкупниот приход и добивката пред оданочување на ИГМ се зголемуваат со текот на годините. Ова е јасен индикатор за стабилност на компанијата, што се потврдува од нивните резултати. Во периодот од 2003 до 2022 година, вкупниот приход нарастува од 845 милиони денари до значителни 9.77 милијарди денари, што претставува значителен раст во текот на времето. Сепак највисокиот приход кој компанијата го има остварено е во 2021 и изнесувал 11,24 милијарди денари. Со постојано подобрување на нивната позиција на листите на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ, ИГМ демонстрира постојан ангажман кон раст и успех.


Иако не примарен аспект на финансиската анализа, сепак бројот на вработени во компанијата е важен показател за нејзината динамика и развој. Со порастот на бројот на вработени низ годините, ИГМ не само што создава можност за зголемување на вработеноста, туку и покажува зголемена потреба за работна сила поради нивниот раст и развој.



Па така, јасно е дека компанијата се надминува себеси и постојано расте и напредува. Со стабилно зголемување на приходот и добивката, како и со подобрување на нивниот ранг и зголемување на бројот на вработени, ИГМ се утврдува како една од најуспешните и влијателни компании во Македонија. Повеќе за компанијата може да прочитате тука


Производите на ВВ Тиквеш - Стариот добар квалитет во ново руво

Нови шишиња, но стар добар квалитет. ВВ „Тиквеш“ годинава ја доби наградата „Најдобар производител – Република Македонија“, а благодарение на добрите финансиски резултати, пак котираше меѓу првите 100 Најголеми и Најуспешни македонски компании.

Македонски Телеком најави нова ера на комуникација: Без бариери и со неограничен интернет

Неограничен интернет, бесплатен роаминг, гигабитни брзини... Ова се само дел од новитетите што Македонски Телеком ги најави за своите корисници. Доказ дека заслужено се најде на 3 место меѓу Најуспешните македонски компании.

Зошто A1 Net Sef е услуга која привлекува сè поголем број корисници?

А1 Македонија со години наназад е дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ. Зошто услугата А1 Net Sef e пресудна при изборот на мобилен оператор кај голем број корисници?
Годишно издание

The “200 Largest and Successful” review is very helpful for us from the international community. Indeed, the French Embassy is always looking for useful economic indicators and your review allow us to be well informed and to easily identify the most important economic agents of the Macedonian market. Your publication is also one of the best to stay up-to-date with Macedonian fast-moving economy and we are pleased to receive each new edition.

Laurence Auer, Амбасадорот на Франција во Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт