Вторник, 21 Април 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Порше Македонија - Двигател на електричната мобилност кај нас

Увоз на современи возила, но и креирање на најмоќниот парк за полнење електрични и хибридни возила во државата - Порше Македонија е двигател на електричната мобилност кај нас.

Порше Македонија не само што е препознатлив лидер на автомобилскиот пазар во земјава и член на семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ, туку е и вистински поттикнувач на електричната и хибридната мобилност во Северна Македонија, кој придонесува за заштитата на животната средина и намалувањето на емисијата на штетните гасови од возилата.

Инвестиции во најсовремена постпродажна поддршка

Како авторизиран увозник на групацијата Volkswagen AG (вклучувајќи Volkswagen, Audi, Škoda, SEAT и Porsche), Порше Македонија освен што ги носи на македонскиот пазар новите електрични и хибридни возила од споменатите брендови, истовремено нуди понатамошна постпродажна поддршка.

Во насока на тоа оди креирањето на најсовремени сервисни центри, но и инвестициите во развој на инфраструктурата за електрични и хибридни возила.

Доказ за тоа, не се само инсталираните брзи полначи во рамките на компанијата.

Во изминатиот период, како дел од проектот Porsche Destination Charging беа инсталирани 16 полначи на 8 клучни точки низ целата држава.

Освен тоа, Порше Македонија денес располага со еден од најмоќните паркови за полнење електрични возила во државата.

Инфраструктура која расте со побарувачката

Компанијата во изминатите години инвестираше во креирање моќен парк за полнење електрични возила, со цел да ја поттикне продажбата, но и да обезбеди квалитетна услуга за своите клиенти кои одлучиле да набават електрично или хибридно возило од Volkswagen групацијата.

Во рамките на активната мрежа на Порше Македонија моментално функционираат вкупно 13 станици за полнење – комбинација од Turbo DC брзи полначи и AC полначи со различни моќности:

  •         2 Turbo DC полначи со брзина на полнење што може да ја наполни батеријата од 20% до 80% за околу 19 минути (на пример кај Porsche Taycan).
  •         5 полначи со моќност од 22 kW – идеални за подолги паузи или целосни денови.
  •         5 полначи со моќност од 11 kW – за секојдневни потреби.
  •         1 полнач со моќност од 7,2 kW – за полнење на возила за време на состаноци или активности.

Ова значи дека Порше Македонија го има најмоќниот парк за полнење електрични и хибридни возила во државата, поддржувајќи растечкиот интерес за електрична мобилност кај клиентите. 

Благодарение на ваквата посветеност на компанијата, нивните клиенти знаат дека Порше Македонија, освен што на нашиот пазар ги носи најквалитетните возила, истовремено овозможува најдобра поддршка, преку:

  • Брзо и удобно полнење на возилата - Turbo DC полначите овозможуваат значително побрзо полнење на батериите, што е клучно за луѓето кои патуваат подалеку или сакаат да продолжат веднаш.
  • Поголема покриеност на станиците – со поголем број места за полнење, возачите добиваат флексибилност при планирање на патувањата.
  • Поддршка за различни типови возила – од plug-in хибриди до целосно електрични возила. 

Порше Македонија, лидер во промовирање на електрична иднина

Порше Македонија не само што инвестира во технички капацитети за полнење, туку и активно ја промовира електричната мобилност кај купувачите.

Компанијата учествува во проекти како Porsche Destination Charging, со полначи на стратешки локации низ Македонија (на пример хотели и туристички дестинации), што дополнително ја поддржува достапноста на инфраструктурата за електромобили.

Дополнително, во 2022 година, компанијата инвестираше во инсталирање на фотоволтаична централа со капацитет од 210kW.

„Со активацијата на фотоволтаичната централа, 42,4% од вкупната потрошувачка на електрична енергија е обезбедена од производството на фотоволтаичната централа.

Дури 204.616 MWh од вкупно 482.513 МWh, колку што изнесува предвидената потрошувачка на електрична енергија за една календарска година ќе биде произведена од природен извор на обновлива енергија “ – нагласуваат од компанијата.

Со цел да ја зацврсти својата позиција како лидер во електричната мобилност, компанијата планира да продолжи со инвестициите во проширување на мрежата на полначи и со тоа да обезбеди уште поквалитетна услуга за своите лојални клиенти.

„Порше Македонија активно ја води трансформацијата кон електрична мобилност во Северна Македонија, со најмоќен парк за полнење електрични возила и стратегиски развиена инфраструктура која е поддршка за секојдневните потреби на возачите. Ова е важен чекор кон почиста, поефикасна и поодржлива иднина на патиштата во нашата држава“ – нагласуваат оттаму.

Посветеноста кон иднината – клуч за подобри финансиски резултати

Следењето на трендовите, побарувачката и куповната моќ на граѓаните се можеби клучни за дведеценискиот успех на Порше Македонија.

Ориентираноста кон обезбедување најдобра услуга за клиентите и пласирање на производи што се синоним за квалитет, безбедност, иновација и истрајност е можеби главната причина заради која Порше Македонија успеа да се етаблира како лидер во автомобилскиот сектор во Македонија.

Според податоците од Централниот регистар, 2023. година била една од најуспешните за Порше Македонија.

Таа година, компанијата успеала да оствари вкупни приходи во износ од 5.690.372.781 денари и добивка пред оданочување од 293.261.027 денари.

Процентуално, растот на приходите во однос на претходната година е за 58,36%, благодарение на што, компанијата успеа да се најде на 55. место на ранг листата на најуспешни македонски компании, и направи скок од 33 позиции нагоре.

Уште поимпресивен е растот на добивката пред оданочување, за 88,21%, со што компанијата се рангираше на 44. место на ранг листата на најуспешни македонски компании и направи скок нагоре за 65 позиции.

Производите на ВВ Тиквеш - Стариот добар квалитет во ново руво

Нови шишиња, но стар добар квалитет. ВВ „Тиквеш“ годинава ја доби наградата „Најдобар производител – Република Македонија“, а благодарение на добрите финансиски резултати, пак котираше меѓу првите 100 Најголеми и Најуспешни македонски компании.

Македонски Телеком најави нова ера на комуникација: Без бариери и со неограничен интернет

Неограничен интернет, бесплатен роаминг, гигабитни брзини... Ова се само дел од новитетите што Македонски Телеком ги најави за своите корисници. Доказ дека заслужено се најде на 3 место меѓу Најуспешните македонски компании.

Зошто A1 Net Sef е услуга која привлекува сè поголем број корисници?

А1 Македонија со години наназад е дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ. Зошто услугата А1 Net Sef e пресудна при изборот на мобилен оператор кај голем број корисници?
Годишно издание

Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.

Државен завод за статистика

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт