Вторник, 21 Април 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Порше Македонија - 20 години континуиран раст и напредок

Во 2023 година, Порше Македонија направи скок од 65 позиции на Ранг листата на најуспешните македонски компании. Зошто ова беше една од најуспешните години за компанијата?

Порше Македонија е компанија веќе 20 години ја гради својата успешна приказна во секторот на трговија со автомобили и моторни возила од лесна категорија на македонскиот пазар и горд член на семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ.

Компанијата ги бележи своите почетоци од крајот на 2005 година, кога се формираше како дел од Porsche Holding Salzburg, првично застапувајќи ги брендовите Volkswagen и Audi за Македонија и Косово.

Денес, таа е единствениот увозник во државата во директна сопственост на производителот на автомобилите – Volkswagen AG со вкупно 7 дилерски центри на територијата на Македонија и 4 во Косово.

Дилерските центри на Порше Македонија се препознатливи по своите најсовремени изложбени салони, но и најсовремените сервисни центри, а во нив може да се најдат светски познати брендови меѓу кои, освен Volkswagen и Audi се и Škoda (од 2007), SEAT (2014), Porsche (2016) и CUPRA (2024).

Од компанијата, нагласуваат дека успехот не се должи само на моќта на врвните брендови кои се застапуваат и нивниот изграден и препознатлив имиџ, туку и на посветениот начин на работа на локалниот тим и грижата за клиентите.

„Неприкосновениот квалитет на производите и услугите, постојаните надградувања и подобрувања се главната конкурентска предност на што се темели лидерската позиција на автомобилскиот пазар“ – нагласуваат на нивната веб-страница.

Порше Македонија е лидер на автомобилскиот пазар со најголем удел во пазарот на нови возила, којшто освен што нуди продажба на споменатите познати брендови на возила, исто така, обезбедува и беспрекорна постпродажна грижа за возилата.

Како лидер на автомобилскиот пазар во Македонија, Порше Македонија ги следи светските трендови и куповната моќ на нашите потрошувачи.

Во овие 20 години компанијата претрпе голема трансформација, прилагодувајќи се на пазарот, куповната моќ на потрошувачите, но и следејќи ги светските трендови.

Во раните години, пазарот првенствено беше дефиниран од традиционалните возила со мотори со внатрешно согорување, со приоритети на клиентите фокусирани на прифатлива цена, издржливост и основна мобилност.

Со текот на времето, зголемувањето на животниот стандард, поголемиот пристап до можности за финансирање и зголемената изложеност на глобални брендови ги поместија очекувањата на потрошувачите кон повисок квалитет, безбедност и одржливост.

Оттука, ваквите промени, сами по себе го дефинираа и самиот раст и развој на компанијата, но и нејзината понуда.

Сигурна егзистенција за над 100 вработени и силна продажна мрежа

Главна определба на компанијата од самото отварање, па сè до ден денес, се растот и експанзијата на дејноста, што резултираше со креирање на силна продажно сервисна мрежа.

Според компанијата, два клучни фактори се најважни за успехот на компанијата во последните 20 години, а тоа се лојалноста кон клиентите, но и лојалноста кон вработените кои што пружаат беспрекорна услуга.

Своите продажно – сервисни партнери ширум земјата Порше Македонија ги снабдува со оригинални делови и дополнителна опрема од соодветната марка на возило, со што е креиран траен и фер работен однос со соработниците.

Порше Македонија е компанија која во 2023 година обезбедувала сигурна егзистенција за околу 106 вработени, а плановите се во иднина овој тим уште повеќе да се зголеми.

Компанијата спроведува постојани програми за развој и усовршување на кадрите и постојана размена на информации, што е уште еден доказ за посветеноста и професионалниот пристап на компанијата кон постојаното подобрување на квалитетот на работата.

Импресивни резултати во 2023 година

Според податоците од Централниот регистар, 2023 година била една од најуспешните за Порше Македонија.

Таа година, компанијата успеала да оствари вкупни приходи во износ од 5.690.372.781 денари и добивка пред оданочување од 293.261.027 денари.

Процентуално, растот на приходите во однос на претходната година е за 58,36%, благодарение на што, компанијата успеа да се најде на 55. место на ранг листата на најголеми македонски компании, и направи скок од 33 позиции нагоре.

Уште поимпресивен е растот на добивката пред оданочување, за 88,21%, со што компанијата се рангираше на 44. место на ранг листата на најуспешни македонски компании и направи скок нагоре за 65 позиции.

Ваквите бројки говорат за посветеноста и истрајноста на компанијата, но и визионерскиот пристап во секторот кој во изминатите години бележеше силни подеми и падови, пред сè предизвикани од внатрешните и надворешните економски фактори.

Ваквите бројки се само уште еден доказ дека автомобилите од групацијата Volkswagen AG отсекогаш биле и остануваат едни од најомилените на нашиот пазар – како симбол за безбедност, издржливост, но и животен стил и луксуз.

Производите на ВВ Тиквеш - Стариот добар квалитет во ново руво

Нови шишиња, но стар добар квалитет. ВВ „Тиквеш“ годинава ја доби наградата „Најдобар производител – Република Македонија“, а благодарение на добрите финансиски резултати, пак котираше меѓу првите 100 Најголеми и Најуспешни македонски компании.

Македонски Телеком најави нова ера на комуникација: Без бариери и со неограничен интернет

Неограничен интернет, бесплатен роаминг, гигабитни брзини... Ова се само дел од новитетите што Македонски Телеком ги најави за своите корисници. Доказ дека заслужено се најде на 3 место меѓу Најуспешните македонски компании.

Зошто A1 Net Sef е услуга која привлекува сè поголем број корисници?

А1 Македонија со години наназад е дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ. Зошто услугата А1 Net Sef e пресудна при изборот на мобилен оператор кај голем број корисници?
Годишно издание

Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.

Државен завод за статистика

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт