Вторник, 21 Април 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Пионерска извонредност во индустријата за метални решенија од 1999 година

Основана во 1999 година, Актива ДОО, Штип со своето богато искуство се етаблираше како водечка компанија со висока репутација и неприкосновена легитимност во сегментот на металопреработувачката индустрија.

Диверзифицираното портфолио на компанијата вклучува услуги како што се дизајнирање, изградба и надзор на сите типови на згради. Но, освен во градежниот сектор, Актива во 2014 година инвестира и во проширување на својата дејност и влегува во автомобилската индустрија преку брендот Актива Аутомотив.

Актива Аутомотив е специјализирана за производство и преработка на метални компоненти и заварени склопови за потребите на автомобилската индустрија и веќе е присутна на повеќе пазари, прилагодувајќи ги своите производи на потребите на други индустрии кои бараат сериско производство. Компанијата исто така нуди услуги за преработка на челик, инокс и алуминиум, а со своите производствени капацитети успева да воспостави соработка со повеќе стратешки партнери на европскиот и американскиот пазар, се со цел понатамошен развој и експанзија на компанијата. Опременоста со најсовремени технологии, оперативни погони кои ги исполнуваат највисоките стандарди, професионални инженерски способности, принципи фокусирани на квалитет и пред се отворен пристап кон потребите и барањата на клиентите и партнерите ја позиционираа Актива како лидер на пазарот. 


Иако фокусот на компанијата е во понатомошното проширување и истражување во полето на металната индустрија, Актива активно се вклучува и во иницијативите на заедницата и програмите за општествена одговорност.

Веќе од 2013 година Актива ДОО, Штип е дел од 200те најголеми и најуспешни компании, а повеќе за нејзините резултати прочитајте тука.


Производите на ВВ Тиквеш - Стариот добар квалитет во ново руво

Нови шишиња, но стар добар квалитет. ВВ „Тиквеш“ годинава ја доби наградата „Најдобар производител – Република Македонија“, а благодарение на добрите финансиски резултати, пак котираше меѓу првите 100 Најголеми и Најуспешни македонски компании.

Македонски Телеком најави нова ера на комуникација: Без бариери и со неограничен интернет

Неограничен интернет, бесплатен роаминг, гигабитни брзини... Ова се само дел од новитетите што Македонски Телеком ги најави за своите корисници. Доказ дека заслужено се најде на 3 место меѓу Најуспешните македонски компании.

Зошто A1 Net Sef е услуга која привлекува сè поголем број корисници?

А1 Македонија со години наназад е дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ. Зошто услугата А1 Net Sef e пресудна при изборот на мобилен оператор кај голем број корисници?
Годишно издание

The “200 Largest and Successful” review is very helpful for us from the international community. Indeed, the French Embassy is always looking for useful economic indicators and your review allow us to be well informed and to easily identify the most important economic agents of the Macedonian market. Your publication is also one of the best to stay up-to-date with Macedonian fast-moving economy and we are pleased to receive each new edition.

Laurence Auer, Амбасадорот на Франција во Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт