Компанијата започнува со работа во 2009 година, а од 2017 се вбројува меѓу најуспешните компании на пазарот.
Првата година кога Државна лотарија се рангираше како една од најуспешните компании беше во 2017 со 117 милиони денари остварена добивка пред оданочување. Ваквиот успех ја искачи компанијата дури во првите 100 компании, односно на 96то место. Во следните 3 години следи уште поуспешен период и пораст на вкупните приходи и добивката пред оданочување од 79,08% во 2018, 51,19% во 2019 и 29,48% во 2020 година. Во 2020 Државна лотарија беше рангирана на високото 26то место на листата на најуспешни.
Како и во сите сектори и сите компании, 2021 година забележуваме благ пад на бројките, што посекако се должи на КОВИД кризата, меѓутоа и во овој период Државна лотарија останува на висока позиција, рангирана како 31ва најуспешна компанија во едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ.

Во 2022 година повторно следи раст и одлични резултати со пораст на приходите од 32,12% и 30,2% на добивката пред оданочување. Минатата година, компанијата ја заврши со 475 милиони денари добивка пред оданочување. Уште еден позитивен аспект од растот и развојот на компанијата е и бројот на вработени кој секоја година е се поголем, па така од 42 лица кои работеле во Државна лотарија во 2017, бројот на вработени во 2022 е 75 лица.
За повеќе податоци и информации за Државна лотарија кликнете тука.
13-03-2026
12-03-2026
15-01-2026
Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.
Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.
Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт