Петок, 17 Април 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Општествена одговорност и иновации во ЛУКОИЛ Македонија

ЛУКОИЛ активно вложува во локални проекти и еколошки иницијативи, покажувајќи вистинска грижа за луѓето и животната средина.

ЛУКОИЛ Македонија не е само еден од најголемите снабдувачи со моторни горива, туку и компанија која активно се залага за општествена и еколошка одговорност. Сметајќи ја заштитата на животната средина како приоритет, компанијата применува најсовремени технологии кои ја намалуваат емисијата на штетни гасови и ја подобруваат енергетската ефикасност во своето работење.


Во насока на грижата за животната средина, од компанијата изјавуваат:

За ЛУКОИЛ Македонија, грижата за животната средина е важен дел од нашата стратегија и секојдневна работа. Нашата определба за еколошка одговорност се огледа преку постојани инвестиции во зелени технологии, намалување на емисиите и одржливо управување со ресурсите.
Во Нафтената база во Штип е имплементиран Vapor Recovery систем, кој овозможува поврат на испарливите органски соединенија при преточување на гориво. Овој систем е инсталиран и на сите бензински станици каде што процесот на товарење и истоварување на цистерните се врши во затворен систем, без испарувања. Дополнително, пиштолите за точење гориво се опремени со ваков систем, со што се овозможува поврат на пареа и значително се намалува емисијата на штетни гасови во атмосферата.
Во дел од нашите објекти се поставени сончеви панели, со што дел од потрошувачката на електрична енергија се покрива преку обновливи извори, а сите бензински станици се опремени со сепаратори за отпадни води, со цел заштита на подземните и површинските води.
Се грижиме и за околината – редовно озеленуваме простори околу бензинските станици со садење на зимзелени дрвја и одржување на зелените површини, со што придонесуваме за поголема урбана еколошка рамнотежа.
ЛУКОИЛ Македонија спроведува и редовен мониторинг на еколошките параметри, вклучително и на воздухот, водата и почвата, а управувањето со отпад се врши преку овластени и лиценцирани компании, со посебен акцент на безбедно справување со индустриски и опасен отпад.
Во иднина, ЛУКОИЛ Македонија планира да го намали загадувањето, да користи повеќе обновлива енергија, да постави нови сончеви панели, да поддржува еколошки и едукативни проекти, да развива решенија за заштеда на енергија и вода и да го проширува зеленилото околу своите објекти.


Исто така, компанијата инвестира во автоматизација и дигитализација на своите услуги, со цел да го подобри корисничкото искуство и да одговори на современите потреби на пазарот. Преку овие новини, компанијата не само што ги зголемува перформансите, туку и го олеснува секојдневното работење на своите клиенти.

Компанијата ЛУКОИЛ Македонија постојано се грижи и настојува да ги доближи услугите до своите клиенти на начин кој е прифатлив и ефикасен за користење. 
За таа цел е направена мобилната апликација ,, ЛУКОИЛ КЛУБ - Македонија”  која на клиентите им овозможува да:
  • имаат увид во секоја нивна трансакција направена на бензинските станици, 
  • собираат поени кои подоцна можат да ги искористат за плаќање на горива и стоки од бензинските, 
  • извршат плаќање за наточеното гориво,  
  • добиваат известувања за актуелни попусти и промоции и многу други корисни информации и поволности. 
Во насока за побрзо и поефикасно користење на услугите на бензинските станици развиена е и платформата ,,PAY@PUMP” со која во неколку чекори од вашиот мобилен телефон се врши плаќање за наточеното гориво буквално од сопственото возило, без да се оди на каса за наплата и без користење на паричник.
Исто така, поставени се и ОПТ терминали за самонаплата на кои, преку едноставно и прегледно мени се врши плаќање, било да е во готовина или со платежни картички, се со цел дигитализација и автоматизација на процесите.
ЛУКОИЛ Македонија посветува внимание и кон своите вработени, на нивниот развој и мотивација со спроведување на обуки, тим билдинг активности и програми за унапредување, со намера да ја истакне важноста на корпоративните стандарди и тимската работа.“ Потенцираат од ЛУКОИЛ Македонија.


Вработените се важен дел од оваа мисија. Преку континуирана едукација и професионален развој, ЛУКОИЛ создава мотивирана и експертна работна средина, што резултира со повисок квалитет на услугата и поголемо задоволство кај клиентите. Сето ова ја прави компанијата пример за одржлив развој и одговорно работење во нафтениот сектор на Македонија.

Производите на ВВ Тиквеш - Стариот добар квалитет во ново руво

Нови шишиња, но стар добар квалитет. ВВ „Тиквеш“ годинава ја доби наградата „Најдобар производител – Република Македонија“, а благодарение на добрите финансиски резултати, пак котираше меѓу првите 100 Најголеми и Најуспешни македонски компании.

Македонски Телеком најави нова ера на комуникација: Без бариери и со неограничен интернет

Неограничен интернет, бесплатен роаминг, гигабитни брзини... Ова се само дел од новитетите што Македонски Телеком ги најави за своите корисници. Доказ дека заслужено се најде на 3 место меѓу Најуспешните македонски компании.

Зошто A1 Net Sef е услуга која привлекува сè поголем број корисници?

А1 Македонија со години наназад е дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ. Зошто услугата А1 Net Sef e пресудна при изборот на мобилен оператор кај голем број корисници?
Годишно издание

Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.

Државен завод за статистика

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт