Вторник, 21 Април 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Од Тиквешкиот Регион до Франција: Вино без граници

Од топлината на Барово до ветрот на долината Рона, Тиквеш гради вински мостови меѓу Македонија и Франција со знаење, локации и интернационален стил.

Малку винарници од регионот можат да се пофалат со она што Тиквеш веќе го живее – вински бренд што е подеднакво присутен и во Македонија и во Франција.

Во срцето на Тиквешијата – регион со вековна винска традиција и клима што потсетува на Тоскана и Бордо – се наоѓаат лозјата Барово, Лепово, Бела Вода и Бабуна. Овие тероари со своите разновидни почви, високи температури и заштита од северните ветрови создаваат идеални услови за црвени и бели сорти.


Но Тиквеш оди чекор подалеку – со поседот Château de Gourdon во Франција, сместен во Јужна Рона. Таму, лозјата се изложени на целодневно сонце и заштитени од мистрал ветрови, создавајќи вина со карактер и длабочина. Сортите што се одгледуваат таму – сира, виоње, гренаш, карињан – се дел од глобалната визија на Тиквеш: да создаде вино без граници, со македонски корен и француска експресија.

Овој интернационален пристап ја позиционира Тиквеш не само како национален симбол, туку и како глобален вински играч, со производи што ги спојуваат традицијата и иднината, земјата и светот.

Производите на ВВ Тиквеш - Стариот добар квалитет во ново руво

Нови шишиња, но стар добар квалитет. ВВ „Тиквеш“ годинава ја доби наградата „Најдобар производител – Република Македонија“, а благодарение на добрите финансиски резултати, пак котираше меѓу првите 100 Најголеми и Најуспешни македонски компании.

Македонски Телеком најави нова ера на комуникација: Без бариери и со неограничен интернет

Неограничен интернет, бесплатен роаминг, гигабитни брзини... Ова се само дел од новитетите што Македонски Телеком ги најави за своите корисници. Доказ дека заслужено се најде на 3 место меѓу Најуспешните македонски компании.

Зошто A1 Net Sef е услуга која привлекува сè поголем број корисници?

А1 Македонија со години наназад е дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ. Зошто услугата А1 Net Sef e пресудна при изборот на мобилен оператор кај голем број корисници?
Годишно издание

Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.

Државен завод за статистика

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт