Вторник, 21 Април 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Од 2003 година КАМ маркет е дел од листите на 200 најголеми и најуспешни компании

КАМ ДОО е најголем национален хард-дисконт на нашиот пазар, а воедно и лидер во малопродажбата во Македонија за што говорат и податоците од 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ според кои КАМ маркет го завзема 10тото место на листата на најголеми компании и 1вото место во својата дејност.

КАМ маркет во моментов своите активности ги извршува во 80 продавници низ цела Македонија, на принципот на хард-дисконт. Зад нивниот успех стои внимателно избран асортиман од над 1700 производи, од кои над 600 се од приватни трговски марки. Концептот на хард-дисконт се покажа како многу успешен низ годините, а на компанијата и донесе голем успех и брз развој во 24те години од нејзиното постоење. Освен што делува на македонскиот пазар, од 2016 КАМ е присутен и на пазарот на Косово и Бугарија. 

Од 2003 година КАМ маркет е дел од листите на 200 најголеми и најуспешни компании, а дека секоја година е се поуспешна за нив, може да се заклучи од фактот дека во последните 4 години се и една од највисоко рангираните компании во првите 10 според вкупен приход. Графиконите подолу покажуваат дека вкупните приходи се во постојан пораст, а во 2022 година се за 24,07% поголеми од 2021. Во однос на успешноста, КАМ маркет е втор најуспешен маркет рангиран на 49тото место на листата според добивка пред оданочување. 



2022 година КАМ ја затвори со зголемен број на вработени во однос на претходната година, а бројот на просечно вработени изнесуваше 1144 луѓе. 

Со својата лидерска позиција, КАМ редовно добива и бројни награди и признанија за разни аспекти на работењето, а не заостанува ни во делувањето на полето на општествена одговорност во чие име компанијата редовно одвојува средства за разни донации за помош и поддршка на ранливите категории на граѓани и локалната заедница. 


Производите на ВВ Тиквеш - Стариот добар квалитет во ново руво

Нови шишиња, но стар добар квалитет. ВВ „Тиквеш“ годинава ја доби наградата „Најдобар производител – Република Македонија“, а благодарение на добрите финансиски резултати, пак котираше меѓу првите 100 Најголеми и Најуспешни македонски компании.

Македонски Телеком најави нова ера на комуникација: Без бариери и со неограничен интернет

Неограничен интернет, бесплатен роаминг, гигабитни брзини... Ова се само дел од новитетите што Македонски Телеком ги најави за своите корисници. Доказ дека заслужено се најде на 3 место меѓу Најуспешните македонски компании.

Зошто A1 Net Sef е услуга која привлекува сè поголем број корисници?

А1 Македонија со години наназад е дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ. Зошто услугата А1 Net Sef e пресудна при изборот на мобилен оператор кај голем број корисници?
Годишно издание

Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.

Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД, Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт