Според овој податок ја изготвивме листата на 100те најголеми извозници за 2022 година која ја прикажуваме на крајот од овој текст.
Како и во најголем дел од претходните податоци, на прво место како најголем извозник за 2022 година се најде Џонсон Мети кој речиси целиот свој приход, поточно дури 99,02%, го има остварено од продажба во странство.
На второ место се најде Окта АД, Скопје, која, за споредба, има остварено 10 пати помали приходи од продажба на странски пазар во однос на прворангираната Џонсон Мети.
По Окта, на листата се најде уште една странска инвестиција, лоцирана во Битола, а тоа е Кромберг и Шуберт Македонија Бт. Четвртото место го завзема Ген-и Продажба на Енергија ДООЕЛ, а петтото Макстил АД.
Она што може да се забележи е дека сите овие компании се високо рангирани на листата на најголеми компании, односно се дел од првите 20 компании според вкупните приходи, а некои се дел и од листата на најуспешни според добивката пред оданочување.
Целосната листа за најголеми извозници погледнете ја подолу, а сите податоци и анализи за 200те најголеми и најуспешни може да ги најдете тука.


13-03-2026
12-03-2026
15-01-2026
Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.
Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.
Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт