Вторник, 21 Април 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Најголемите играчи на пазарот на труд во Македонија

Еден од повеќето важни аспекти на кои влијаат најголемите и најуспешните компании, а со тоа придонесуваат кон пораст на македонскиот стандард и општо на економијата, е вработеноста.

Добар дел од компаниите кои се рангирани на листите на 200 најголеми и 200 најуспешни се и странски директни инвестиции кои во своите погони вработуваат и по неколку илјади луѓе. Но, тука се и домашните компании кои не заостануваат и се вбројуваат како едни од најголемите работодавци на пазарот. 

Во оваа анализа ги прикажуваме 50те најголеми работодавци за 2022 година. Целосната листа е на сликата во текстот подолу, а останатите податоци за бројот на вработени се достапни на порталот. 

Како што може да се забележи, најголем работодавец минатата година беше германскиот гигант Кромберг и Шуберт Македонија Бт ДООЕЛ, компанија за кабелски снопови за автомобилската индустрија која е лоцирана во индустриската зона во Битола. Во 2022 година тука работеле дури 6270 луѓе. Втора на листата е ДММ Дрекслмајер Мануфактуринг Македонија ДООЕЛ која исто така се занимава со производство на опрема за потребите на автомобилската индустрија. Станува збор исто така за странска директна инвестиција која минатата година имала 6213 вработени. 

Понатаму следна на листата е АД ЕСМ, која е во државна сопственост а главна дејност на компанијата е производство на електрична енергија. Во ЕСМ минатата година биле вработени 4258 лица. 

На 4тото и 5тото место на листата на најголеми работодавци се повторно странски директни инвестиции кои исто како и претходните се занимаваат со производство на опрема за автомобилската индустрија. На 4то место е Амфенол Технолоџи, лоцирана во Кочани, каде работеле 2535 лица, а на 5тото место е Гентерм Северна Македонија ДООЕЛ од Прилеп. Во Гентерм биле вработени 2322 лица.


Заклучуваме дека и покрај се, сепак најголемите вработувања се во компаниите кои се странски инвестиции, а како дејност во која се вработени најмногу луѓе е автомобилската индустрија, односно производство на разна опрема за нејзините потреби. 


Производите на ВВ Тиквеш - Стариот добар квалитет во ново руво

Нови шишиња, но стар добар квалитет. ВВ „Тиквеш“ годинава ја доби наградата „Најдобар производител – Република Македонија“, а благодарение на добрите финансиски резултати, пак котираше меѓу првите 100 Најголеми и Најуспешни македонски компании.

Македонски Телеком најави нова ера на комуникација: Без бариери и со неограничен интернет

Неограничен интернет, бесплатен роаминг, гигабитни брзини... Ова се само дел од новитетите што Македонски Телеком ги најави за своите корисници. Доказ дека заслужено се најде на 3 место меѓу Најуспешните македонски компании.

Зошто A1 Net Sef е услуга која привлекува сè поголем број корисници?

А1 Македонија со години наназад е дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ. Зошто услугата А1 Net Sef e пресудна при изборот на мобилен оператор кај голем број корисници?
Годишно издание

Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.

Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД, Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт