Неколку години наназад во своите маркетинг кампањи АД Македонски Телеком гордо нагласува дека е добитник на наградите на Ookla во неколку категории, факт којшто покрај квалитетната услуга, иновациите и стабилноста, придонесуваат компанијата да биде лидер во телекомуникацискиот сектор кај нас.
Како компанија која е длабоко посветена на тоа да ја предводи дигитализацијата на општеството и креира одржливи вредности за сите, АД Македонски Телеком успеа во 2023 година да се позиционира на високото трето место на ранг листата на најуспешни компании кај нас.
АД Македонски Телеком во 2022 година ја пушти во употреба првата комерцијална 5G мрежа, чекор на кој што напорно работеше неколку години наназад.

Спојот на иновациите, технологијата и носењето на светските трендови во телекомуникацискиот сектор, сами по себе придонесоа таа да се позиционира како најдоверлив партнер како за приватните корисници, така и за бизнис заедницата во новото глобално доба, каде брзата интернет конекција е неопходна за секојдневно функционирање.
А престижните награди што компанијата ги добива неколку години наназад се доказ за квалитетните услуги што ги нуди. Зошто?
За да одговориме на ова прашање, првично треба накратко да појасниме што се овие награди и кој ги доделува.
Имено, Ookla е компанијата којашто стои зад Speedtest.net, a повеќе години наназад доделува награди на провајдери на интернет услуги (фиксни и мобилни) кои нудат исклучително добри услуги за корисниците.
Овие награди се доделуваат и се засноваат врз реални тестови, направени од корисниците, односно од луѓето во целиот свет кои прават тестирања за брзината на интернет услугите на нивните уреди.
Со други зборови, во период од шест месеци, компанијата собира податоци од апликациите за мерење на брзината на интернетот (Speedtest) на различни платформи и уреди (мобилни телефони, десктоп компјутери), како и скенирања на мрежната покриеност.
Компанијата има сигурни механизми со коишто обезбедува најточно прибирање на податоци и рангирање на брзината.
Oваа награда е мошне важна и значајна затоа што се доделува од независна страна, врз основа на податоци за квалитетот.
Дополнително, тоа што податоците доаѓаат од реалните корисници, кои независно прават тестирања на брзината на интернетот што го добиваат од провајдерот, значи дека податоците се вистинско отсликување на реалноста, а не се резултат на лабароториски тестови и маркетинг стратегии.
И на крај, ваквите награди се можност за објективно да се направи одлука при изборот на интернет провајдер.
АД Македонски Телеком, неколку години по ред ја добива наградата за Најдобра мобилна мрежа и за Најбрза мобилна мрежа.
Дополнително, во 2023 година беше добитник на наградата за најголема покриеност, а во 2024 година ја доби наградата и за најбрза фиксна мрежа.
Ова е доказ дека компанијата, благодарение на иновациите со кои е предводник во телекомуникацискиот сектор, цврсто ја задржува лидерската позиција и останува убедливо најбрзата мрежа во Македонија.

Благодарение на сето ова бројот на корисници на АД Македонски Телеком од година во година се зголемува, а финансиските параметри укажуваат на континуиран раст.
Во 2023 година компанијата се најде на 14. место на ранг листата на најголемите македонски компании и на 3. место на ранг листата на најуспешните македонски компании.
Со релативно мал број на вработени, околу 899, АД Македонски Телеком се покажа како мошне ефикасна компанија која успеа во 2023 година да оствари вкупен приход од 12.044.142.319 денари и добивка пред оданочување од 2.498.945.718 денари, или процентуално за 1,84% повеќе во споредба со претходната година.
Инаку, ако се погледне веб страницата на Ookla, АД Македонски Телеком и во 2025 година е добитник на наградите за:
Овие податоци се доказ дека компанијата и натаму останува посветена во својата примарна цел да ја предводи дигитализацијата во нашата земја и да обезбеди поголема покриеност.
Од друга страна, пак, позитивните резултати што АД Македонски Телеком ги постигнува како лидер и предводник на пазарот се поттик и причина повеќе конкурентните компании во земјата да обезбедат уште подобри услуги – што пак, придонесува за сеопфатен развој во телекомуникацискиот сектор кај нас.
13-03-2026
12-03-2026
15-01-2026
The “200 Largest and Successful” review is very helpful for us from the international community. Indeed, the French Embassy is always looking for useful economic indicators and your review allow us to be well informed and to easily identify the most important economic agents of the Macedonian market. Your publication is also one of the best to stay up-to-date with Macedonian fast-moving economy and we are pleased to receive each new edition.
Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт