Денес веќе компанијата брои над 520 вработени, а своите активности ги врши во сопствени простории лоцирани во Кавадарци, на вкупна површина од 500.000м2 и покриен простор од 280.000м2. Во производните погони има 15 производни линии кои имаат годишен капацитет од дури 300.000 тони, а дополнително ИГМ постојано инвестира во нови технологии како би го задржале лидерскиот статус кој го постигна со напорна работа низ годините.

ИГМ Трејд е исто така извозно ориентирана компанија, што значи дека најголем дел од производството, дури 95%, се пласираат на странските пазари. Засега, главните пазари на кои извезува ИГМ се пазарите на ЕУ и ЦЕФТА.
Освен главниот бизнис, компанијата се занимава и со преработка на челични котури во табли и траки. Производството на ИГМ опфаќа разни димензии и квалитети:
• Квадратни заварени профили од 13x13 до 260x260 mm, со дебелина до 10,0 mm
• Правоаголни заварени профили од 20x10 до 300x200, со дебелина до 10,0 mm
• Тркалезни конструктивни цевки од ɸ 17,2- ɸ 323,9 (3/8”- 12”) со дебелина до 8,0 mm
• Цевки тестирани под притисок
• Овални и полу-овални цевки
• Специјални профили на пресек - ZP профили
• Оценки на челик: S235JR, S275JR, S355JR

А, пред осум години ИГМ Трејд инвестираше во проширување на своето работење надвор од Македонија, со купување на поранешната фабрика за заварени цевки и профили АЛПОС од Словенија. Нејзина главна дејност е производство на челични производи од типот на цевки, шупливи профили и табли од лим. Индустрискиот комплекс на АЛПОС е сместен на површина од 54.500м2 и има годишен капацитет од 100.000 тони.
Повеќе за компанијата може да прочитате на нивниот линк на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ.
13-03-2026
12-03-2026
15-01-2026
Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.
Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.
Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт