Вторник, 21 Април 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

МАКСТИЛ - регионален лидер во производството на топловалани дебели лимови

Макстил АД Скопје се наоѓа на листите на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ уште од првото издание на едицијата, поточно од 2003та година.

Макстил АД е основана во 1997, по сопственичкото реструктурирање на Рудници и железарница „Скопје“, која отпочна со производство во 1967 година.

2022 година за Макстил беше доста успешна. Успеаа да го заземат 19то место на листата на најголеми и 12то место на листата на најуспешни компании во Македонија. 

Последователно на тоа можеме да забележиме дека имаат пораст не само во вкупниот приход, туку и во вкупната добивка пред оданочување. Така, во споредба со претходната година, успеаа да го зголемат својот вкупен приход од 54,91% и својата добивка пред оданочување од 27,05%

Производниот процес во Макстил се одвива во погоните „Челичарница“ и „Валавница“ за дебели лимови. Главен влезен материјал при производство на челикот е старото железо.


Заложбата на Макстил за континуирано подобрување на здравјето и безбедноста на нивните вработени е нивниот главен приоритет, што придонесува за остварување на компаниските цели.

Во Макстил, подобрувањето на безбедноста е од големо значење. Компанијата има воспоставен систем за управување со здравјето и безбедноста при работа, што служи како ефикасен пристап при управувањето и континуираното отстранување на опасностите и минимизирање на ризиците.

Во 2020 година исто така, на Макстил му беше доделана награда за “Најдобра пракса на безбедност и заштита при работа”.

Производите на ВВ Тиквеш - Стариот добар квалитет во ново руво

Нови шишиња, но стар добар квалитет. ВВ „Тиквеш“ годинава ја доби наградата „Најдобар производител – Република Македонија“, а благодарение на добрите финансиски резултати, пак котираше меѓу првите 100 Најголеми и Најуспешни македонски компании.

Македонски Телеком најави нова ера на комуникација: Без бариери и со неограничен интернет

Неограничен интернет, бесплатен роаминг, гигабитни брзини... Ова се само дел од новитетите што Македонски Телеком ги најави за своите корисници. Доказ дека заслужено се најде на 3 место меѓу Најуспешните македонски компании.

Зошто A1 Net Sef е услуга која привлекува сè поголем број корисници?

А1 Македонија со години наназад е дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ. Зошто услугата А1 Net Sef e пресудна при изборот на мобилен оператор кај голем број корисници?
Годишно издание

The “200 Largest and Successful” review is very helpful for us from the international community. Indeed, the French Embassy is always looking for useful economic indicators and your review allow us to be well informed and to easily identify the most important economic agents of the Macedonian market. Your publication is also one of the best to stay up-to-date with Macedonian fast-moving economy and we are pleased to receive each new edition.

Laurence Auer, Амбасадорот на Франција во Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт