Вторник, 21 Април 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

М Кеш Македонија дел од 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ во 2022

М Кеш е една од најпознатите и првите компании кои нудат брзи кредити во Македонија.

М Кеш на македонскиот пазар се појавува во 2015 година како прво онлајн финансиско друштво во нашата држава кое нуди брзи кредити. Компанијата е дел од холдингот Management Financial Group (MFG), кој ги обединува водечките даватели на небанкарски финансиски услуги во Централна и Источна Европа. 

Холдингот MFG има богато портфолио од областа на потрошувачки кредити, кредити за микро и мали бизниси, кредитни картички, дигитален бизнис и други алтернативни производи и услуги, а своите производи ги нуди на повеќе од 450 канцеларии низ 5 европски земји и со повеќе од 8300 вработени.

Во Македонија М Кеш денес располага со 49 канцеларии низ целата територија на државата и има повеќе од 115 вработени. 

Во седумте години од своето постоење, М Кеш со своето транспарентно и одговорно работење успешно делува и со тоа станува дел од 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ како 156 најуспешна компанија според добивката пред оданочување во 2022 година. Во однос на претходната година добивката пред оданочување од 115.595.528 денари покажува значителен пораст од 45,97%, додека вкупниот приход во 2022 година изнесува 437.334.814 денари. Тука може да се забележи ефективното работење на менаџментот со дури 26,43% добивка во однос на остварените приходи.


Производите на ВВ Тиквеш - Стариот добар квалитет во ново руво

Нови шишиња, но стар добар квалитет. ВВ „Тиквеш“ годинава ја доби наградата „Најдобар производител – Република Македонија“, а благодарение на добрите финансиски резултати, пак котираше меѓу првите 100 Најголеми и Најуспешни македонски компании.

Македонски Телеком најави нова ера на комуникација: Без бариери и со неограничен интернет

Неограничен интернет, бесплатен роаминг, гигабитни брзини... Ова се само дел од новитетите што Македонски Телеком ги најави за своите корисници. Доказ дека заслужено се најде на 3 место меѓу Најуспешните македонски компании.

Зошто A1 Net Sef е услуга која привлекува сè поголем број корисници?

А1 Македонија со години наназад е дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ. Зошто услугата А1 Net Sef e пресудна при изборот на мобилен оператор кај голем број корисници?
Годишно издание

Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.

Државен завод за статистика

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт