Петок, 17 Април 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Лукоил Македонија - дел од 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ со 37 бензински станици низ Македонија

Една од најпознатите и најголемите компании за трговија со нафтени деривати на големо и мало е Лукоил Македонија ДООЕЛ, фирма ќерка на групацијата Лукоил и дел од Балканската меѓурегионална група на компании.

Се работи за компанија која е посветена на квалитет и фокусирана на одржливост на својата позиција на пазарот, а во Македонија делува повеќе од 15 години.

Лукоил својата прва бензинска станица ја отвори во 2006 година, а денес мрежата на бензински станици е раширена низ цела Македонија со вкупно 37 локации. Модерните бензински станици освен што нудат високо квалитетно гориво на своите клиенти, исто така обезбедуваат и основни услуги како што е миење на коли, бежичен интернет и широка палета на производи како дел од маркет.


Покрај бизнис операциите, Лукоил активно придонесува кон локалната заедница преку спонзорирање на едукативни програми, спортски настани и културни активности. Еден од најзначајните начини преку кои Лукоил влијае на квалитетот на живеење е преку имплементирање на разни иницијативи за поголема енергетска ефикасност, намалување на сопственото влијание врз јаглеродната загаденост и подржување на проекти од општествено значење.

Лукоил Македонија важи и за една од најголемите и најуспешните компании во Македонија, рангирана на 24то место според вкупен приход и на 44то место според добивка пред оданочување во 2022 година, а вработува над 480 лица. Со своето посветено работење Лукоил е дел од 200те најголеми и најуспешни компании уште од својот почеток во 2006 година. 


Производите на ВВ Тиквеш - Стариот добар квалитет во ново руво

Нови шишиња, но стар добар квалитет. ВВ „Тиквеш“ годинава ја доби наградата „Најдобар производител – Република Македонија“, а благодарение на добрите финансиски резултати, пак котираше меѓу првите 100 Најголеми и Најуспешни македонски компании.

Македонски Телеком најави нова ера на комуникација: Без бариери и со неограничен интернет

Неограничен интернет, бесплатен роаминг, гигабитни брзини... Ова се само дел од новитетите што Македонски Телеком ги најави за своите корисници. Доказ дека заслужено се најде на 3 место меѓу Најуспешните македонски компании.

Зошто A1 Net Sef е услуга која привлекува сè поголем број корисници?

А1 Македонија со години наназад е дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ. Зошто услугата А1 Net Sef e пресудна при изборот на мобилен оператор кај голем број корисници?
Годишно издание

Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.

Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД, Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт