Кромберг и Шуберт се фокусира на развој и производство на комплексни системи жичани системи за автомобилската индустрија. Пионерскиот дух и иновативното претприемништво со рамна хиерархија, овозможија континуирана експанзија и глобализација на компанијата. Со над 50.000 вработени на над 40 локации, Kromberg & Schubert денес е еден од глобалните лидери во снабдувањето со електрични системи, кабли и пластични компоненти.
Во Македонија претставува еден од најголемите работодавци. Така, во 2022 година просечниот број на вработени во Кромберг и Шуберт изнесувал 6270, додека пак истиот во 2021 година бил 5368, што претставува исклучително голем и значителен раст и позитивна страна како за компанијата така и за намалување на невработеноста во државата.

За 2022 година, повторно се на 2те листи, односно на листата на најголеми (рангирани според вкупен приход) и на листата на најуспешни (рангирани според вкупната добивка пред оданочување). Успеаа да го заземат 8то место на најголеми и 58то место на листата на најуспешни компании.
Остварија вкупен приход од 250,278,343 евра и вкупна добивка пред одаончување од 4,628,130 евра.
13-03-2026
12-03-2026
15-01-2026
Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.
Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт