По успешниот старт потпомогнати од искуството здобиено со успешно реализираните проекти на територијата на Република Македонија, денес компанијата е извозно ориентирана, и 95% од нивните производи ги пласираат на меѓународните пазари.
Покрај искуството, за пристап на меѓународите пазари придонесе и големата гама на производи и капацитети со кои се подготвени да одговорат, со врвен и препознатлив квалитет по сите меѓународно признати стандарди.
Нивната моментална производствена програма ги покрива сите полиња на примена, односно цевки и црева за водоводни системи, канализациски системи, ПЕ и ПП шахти, цевки за транспорт на гас и нафтени деривати, цевки и црева за заштита на телекомуникациски кабли, дренажни системи како и фитингарија за истите соодветно димензиите, кои исто така се движат од минимален дијаметар од 12мм па се до 2000мм.
Конти Хидропласт препознатливоста на пазарот ја стекна преку квалитетна понуда и постојана примена на флексибилност во работењето, што е многу важно во индустрија каде што комплексноста на менаџирањето на сите процеси е прилично голема.
Еден од клучните фактори за одржливост покрај големата конкуренција е константното ре-инвестирање во иновативни технологии и стремеж кон генерален технолошки напредок.
Комбинацијата на сите овие клучни фактори придонесе Конти Хидропласт да игра важна улога на домашниот и на странските пазари со постојана присутност на сите значајни и споредни инфраструктурни проекти.
Конти Хирдопласт се редовни учесници во 200 Најголеми и Најуспешни, а нивното работење може да го погледнете ТУКА.
13-03-2026
12-03-2026
15-01-2026
Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.
Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.
Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт