Среда, 15 Април 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Кои се 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ економски играчи во Македонија - Ново печатено издание

Зошто вреди да го нарачате новото печатено издание на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ? Како оваа едиција во изминатите две децении стана вредна алатка во работењето на бизнис секторот?

200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ е бренд кој повеќе од две децении е незаменлива алатка во бизнис работењето, која нуди сеопфатни и детални податоци за македонската економија – едиција која има за цел да ги афирмира македонските компании и претпријатија пред меѓународниот пазар.

Еуро Бизнис Центар – Скопје, како издавач и реализатор на едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ со задоволство ви најавува дека е издадено новото 22-ро по ред, печатено издание на едицијата.

NajgolemiINajuspesniBankiIOsiguritelniKompaniiVoMakedonija

Во него на едно место може да се најдат голем број податоци за македонските компании, рангирани врз основа на релевантни финансиски параметри, кои се добиени од овластени финансиски институции во Република Македонија.

Во новото печатено издание на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ ќе имате можност да проследите како котираа македонските компании врз основа на остварените приходи, но и врз основа на добивката пред оданочување.

NajgolemiKomapniiVoMakedonija

Исто така, ќе имате можност да добиете информации за новите проекти, производи и воопшто за малите и големите тајни за успех кои им овозможуваат да бидат конкурентни како на домашниот, така и на меѓународниот пазар.

Освен деталниот приказ на фирмите, нивната дејност, асортиманот на производи и финансиските параметри, новото издание на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ опфаќа и листа на банките и осигурителните компании и голем број други податоци и осврти за македонската економија и стопанството.

200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ е издание што на едно место ви дава увид за најголемите македонски двигатели на економијата и е неизоставен дел и вредна алатка во секојдневното работење во бизнис секторот.

Kniga200NajgolemiINajuspesni

Тоа ви дава релевантни информации за тоа кои се 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ економски играчи во земјава, коишто со својата работа придонесуваат за целокупниот развој на македонската економија, но и дополнителни релевантни информации коишто ќе ви бидат од корист во секојдневното работење и во претставување на вашата компанија.

Новото издание на едицијата, традиционално и годинава имате можност да го нарачате на македонски и англиски јазик, како и во дигитална форма.

Производите на ВВ Тиквеш - Стариот добар квалитет во ново руво

Нови шишиња, но стар добар квалитет. ВВ „Тиквеш“ годинава ја доби наградата „Најдобар производител – Република Македонија“, а благодарение на добрите финансиски резултати, пак котираше меѓу првите 100 Најголеми и Најуспешни македонски компании.

Македонски Телеком најави нова ера на комуникација: Без бариери и со неограничен интернет

Неограничен интернет, бесплатен роаминг, гигабитни брзини... Ова се само дел од новитетите што Македонски Телеком ги најави за своите корисници. Доказ дека заслужено се најде на 3 место меѓу Најуспешните македонски компании.

Зошто A1 Net Sef е услуга која привлекува сè поголем број корисници?

А1 Македонија со години наназад е дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ. Зошто услугата А1 Net Sef e пресудна при изборот на мобилен оператор кај голем број корисници?
Годишно издание

Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.

Државен завод за статистика

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт