Вторник, 21 Април 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Кои пензиски друштва се најдоа на листите на 200 најголеми и најуспешни компании?

Во Република Северна Македонија постојат три Друштва за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови, и едно друштво за управување со доброволни пензиски фондови.
Во едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ според остварениот успех за 2021 година можеме да забележиме 2 пензиски друштва, коишто се и најпознати во Македонија. Тоа се САВА ПЕНЗИСКО ДРУШСТВО АД Скопје и КБ Прво Пензиско Друштво АД Скопје. 

Како во САВА така и во КБ, отворени се задолжителен пензиски фонд како и доброволен пензиски фонд. Погледнете како се движел бројот на вработени во овие 2 компании во изминатите 5 години. 



КБ Прво Пензиско Друштво за 2021 успеа да оствари 177.311.085 вкупна добивка пред оданочување и го забележи 73то место на најуспешни компании. Во последните 5 години тоа за нив преставува второ најдобро рангирана година по 2020, кога го забележале 64место. Подолу ви прикажуваме како КБ Прво Пензиско Друштво се движеле на листата на најуспешни компании, рангирани според вкупната добивка пред оданочување, во последните 5 години. 



САВА Пензиско Друшство, за 2021 година оствари 117.101.609 вкупна добивка пред оданочување и успеа да го забележи 126то место на најуспешни компании во Македонија. Се наоѓаат на листата на најуспешни компании 9 години по ред, уште од 2013та година. Сава денес брои 37 вработени лица, а како што можеме да забележиме таа бројка расте се повеќе од година во година. Во продолжение исто така ви презентирале како се движел нивниот ранг на листата на најуспешни компании во последните 5 години.


Производите на ВВ Тиквеш - Стариот добар квалитет во ново руво

Нови шишиња, но стар добар квалитет. ВВ „Тиквеш“ годинава ја доби наградата „Најдобар производител – Република Македонија“, а благодарение на добрите финансиски резултати, пак котираше меѓу првите 100 Најголеми и Најуспешни македонски компании.

Македонски Телеком најави нова ера на комуникација: Без бариери и со неограничен интернет

Неограничен интернет, бесплатен роаминг, гигабитни брзини... Ова се само дел од новитетите што Македонски Телеком ги најави за своите корисници. Доказ дека заслужено се најде на 3 место меѓу Најуспешните македонски компании.

Зошто A1 Net Sef е услуга која привлекува сè поголем број корисници?

А1 Македонија со години наназад е дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ. Зошто услугата А1 Net Sef e пресудна при изборот на мобилен оператор кај голем број корисници?
Годишно издание

Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.

Државен завод за статистика

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт