Киппер маркет е
ланец на хард-дисконтни маркети кој својата приказна ја започнува во Тетово, за
да денес брои веќе над 80 маркети во повеќе градови низ Македонија.
За Киппер,
интересот на потрошувачот е најважен. Компанијата постојано отвара продавници
во најблиските точки до своите потрошувачи и тоа со најприфатливи цени, што се
должи на политиката на компанијата да избегнува непотребни трошоци за
декорација на продавниците и презентација на производите. Во Киппер
потрошувачите плаќаат за самиот производ, а не за амбалажата и брендот и без
никаков проблем можат да ги вратат производите од кои не се задоволни.
Во 2014 година
Киппер за прв пат се рангира во 200те најголеми и најуспешни компании и
од тогаш компанијата постојано расте. Во
2020 година и покрај лошата состојба со Ковид-19 кризата, Киппер успева да
оствари најголем пораст на добивката пред оданочување за последните 7 години,
од 22,63%.
Во табелата подолу ја прикажуваме успешната приказна на Киппер маркет, низ бројки.
13-03-2026
12-03-2026
15-01-2026
Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.
Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.
Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт