Вторник, 21 Април 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Кине и Нагел со раст на вкупните приходи од 64,75% во 2022

169тото место на листата на најголеми компании за 2022 година го зазема транспортната компанија Kuehne+Nagel.

Kuehne+Nagel е германска компанија која денес е сместена во Швајцарија, меѓутоа има свои претставништва насекаде низ светот. Во Македонија е основана во 1996 и успешно работи и опстојува веќе 27 години. Главна дејност на Kuehne+Nagel се транспортните и логистичките услуги. 

Во 2008 година Kuehne+Nagel за прв пат се рангира во 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ и тоа на 162ро место на листата на најуспешни компании според остварена добивка пред оданочување. Во овој период компанијата броела 16 вработени. 

Неколку години подоцна, во 2013 година, компанијата се појавува на двете листи рангирана на 191вото место на листата на најголеми и 153то место на листата на најуспешни. Од 2014 година забележуваме дека и покрај зголемувањето на добивката пред оданочување, компанијата е рангирана на листата на најголеми компании со напредок низ ранговите на оваа листа.


Во минатата година Kuehne+Nagel има остварено вкупни приходи од 1,7 милијарди денари и добивка пред оданочување од 51,1 милиони денари. Со овие резултати и раст на вкупните приходи од дури 64,75% во споредба со 2021 година, се рангира на 169то место на листата на најголеми компании. 

Во однос на бројот на вработени лица во Kuehne+Nagel, видлив е постојан пораст на бројката, па така 16те вработени од 2008 година, се речиси дуплирани на 31 вработен заклучно со 31.12.2022 година. Бројот на вработени се однесува на податокот за просечен број на вработени во компанијата за соодветната година. 

Повеќе податоци за Kuehne+Nagel може да најдете на нивниот профил, а податоците и анализите видете ги тука.


Производите на ВВ Тиквеш - Стариот добар квалитет во ново руво

Нови шишиња, но стар добар квалитет. ВВ „Тиквеш“ годинава ја доби наградата „Најдобар производител – Република Македонија“, а благодарение на добрите финансиски резултати, пак котираше меѓу првите 100 Најголеми и Најуспешни македонски компании.

Македонски Телеком најави нова ера на комуникација: Без бариери и со неограничен интернет

Неограничен интернет, бесплатен роаминг, гигабитни брзини... Ова се само дел од новитетите што Македонски Телеком ги најави за своите корисници. Доказ дека заслужено се најде на 3 место меѓу Најуспешните македонски компании.

Зошто A1 Net Sef е услуга која привлекува сè поголем број корисници?

А1 Македонија со години наназад е дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ. Зошто услугата А1 Net Sef e пресудна при изборот на мобилен оператор кај голем број корисници?
Годишно издание

Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.

Државен завод за статистика

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт