Вторник, 21 Април 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Како ИКТ услугите од A1 ги штитат и поддржуваат најголемите и најуспешните компании

Дали вашата компанија е подготвена да се соочи со секој дигитален предизвик?

Во динамичниот свет на големи и успешни компании, дигиталната безбедност и континуитетот во работењето се повеќе од неопходност - тие се предуслов за одржлив раст и конкурентност. A1 нуди напредни ИКТ решенија кои ја штитат вашата инфраструктура, ги обезбедуваат вашите податоци и ви овозможуваат фокус на развој, без грижа од сајбер ризици.

A1 Cyber Backup – Неизбежна заштита на вашите критични податоци

Губењето на податоци може да значи големи финансиски и репутациски загуби. Со A1 Cyber Backup, вашите важни податоци се безбедно резервирани и брзо достапни кога и да ви се потребат. Оваа услуга обезбедува сигурност и брзина во враќање на информации, што овозможува несметано работење дури и при најголеми предизвици.

A1 Endpoint Protect – Сигурност на секој уред во вашата компанија

Во време кога мобилноста и работа од далечина се стандарди, заштитата на секој уред станува клучна. A1 Endpoint Protect обезбедува напредна заштита од вируси, малициозен софтвер и други закани, обезбедувајќи ја безбедноста на вашите податоци и континуитетот на вашите операции.


A1 Net Protect – Безбедна мрежа за големи организации

Нападите врз мрежната инфраструктура се се почести и пософистицирани. Со A1 Net Protect, вашата компанија добива напредна заштита од DDoS и други сајбер напади, со континуирано мониторирање и брза реакција. Ова гарантира стабилна и сигурна мрежа што овозможува беспрекорна работа на вашите системи.

A1 Offensity – Проактивен мониторинг и брза реакција на сајбер закани

Постојаното следење и анализа на безбедносните ризици овозможуваат превентивна заштита. A1 Offensity ви овозможува да бидете чекор пред заканите, со тим од експерти кој го следи вашиот ИТ екосистем и интервенира при први знаци на нарушување.

Зошто врвните компании избираат A1?

Со целосен пакет на безбедносни и ИКТ услуги, A1 обезбедува сигурност и стабилност што ги бараат најголемите и најуспешните компании. Намалување на ризикот од загуба на податоци, заштита на инфраструктурата и брза реакција на инциденти се темелите врз кои се гради довербата и успешноста на современите организации. Изберете ги услугите на A1 и ослободете го потенцијалот на вашиот бизнис со сигурна и моќна дигитална заштита.

Производите на ВВ Тиквеш - Стариот добар квалитет во ново руво

Нови шишиња, но стар добар квалитет. ВВ „Тиквеш“ годинава ја доби наградата „Најдобар производител – Република Македонија“, а благодарение на добрите финансиски резултати, пак котираше меѓу првите 100 Најголеми и Најуспешни македонски компании.

Македонски Телеком најави нова ера на комуникација: Без бариери и со неограничен интернет

Неограничен интернет, бесплатен роаминг, гигабитни брзини... Ова се само дел од новитетите што Македонски Телеком ги најави за своите корисници. Доказ дека заслужено се најде на 3 место меѓу Најуспешните македонски компании.

Зошто A1 Net Sef е услуга која привлекува сè поголем број корисници?

А1 Македонија со години наназад е дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ. Зошто услугата А1 Net Sef e пресудна при изборот на мобилен оператор кај голем број корисници?
Годишно издание

Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.

Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД, Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт