Вторник, 21 Април 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

ЈУБИЛЕЈНО - 200те НАЈУСПЕШНИ компании во 2022

Како и секоја година така и за 2022, 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ ги рангираше најуспешните компании на домашниот пазар, според добивка пред оданочување остварена во минатата година.

Очекувано, исто како и претходните години, првата најуспешна компанија е Џонсон Мети, со добивка од 4,9 милијарди денари. Втора на ранг листата е ЈП Државни Патишта со добивка од 3,7 милијарди денари. По нив следи рудникот САСА чија добивка во 2022 изнесуваше 2,8 милијарди, а четвртото место го заземаат Електрани на Северна Македонија со добивка од 2,5 милијарди денари. На петто место се најде ИГМ Трејд од Кавадарци со остварени 2 милијарди денари добивка. 

Вкупно остварената добивка пред оданочување на 200 најуспешни компании изнесуваше 72.1 милијарди денари, што во споредба со претходната 2021, кога добивката изнесуваше 62,3 милијарди денари, е за 15,73% повеќе. 

Табелата подолу ги прикажува 200 најуспешни компании и нивната добивка, а за повеќе податоци и информации може да кликнете тука.




Производите на ВВ Тиквеш - Стариот добар квалитет во ново руво

Нови шишиња, но стар добар квалитет. ВВ „Тиквеш“ годинава ја доби наградата „Најдобар производител – Република Македонија“, а благодарение на добрите финансиски резултати, пак котираше меѓу првите 100 Најголеми и Најуспешни македонски компании.

Македонски Телеком најави нова ера на комуникација: Без бариери и со неограничен интернет

Неограничен интернет, бесплатен роаминг, гигабитни брзини... Ова се само дел од новитетите што Македонски Телеком ги најави за своите корисници. Доказ дека заслужено се најде на 3 место меѓу Најуспешните македонски компании.

Зошто A1 Net Sef е услуга која привлекува сè поголем број корисници?

А1 Македонија со години наназад е дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ. Зошто услугата А1 Net Sef e пресудна при изборот на мобилен оператор кај голем број корисници?
Годишно издание

Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.

Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД, Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт