Вторник, 21 Април 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Интеренерго Македонија Дооел: Моќ во Енергетскиот Сектор

Интеренерго Македонија ДООЕЛ е дел од словенската меѓународна групација Интеренерго со седиште во Љубљана.

На македонскиот пазар почнува со работа во 2007 година во енергетскиот сектор, а низ годините Интеренерго станува  клучен учесник во воведувањето на иновации и одржливи решенија. Успехот на компанијата е тесно поврзан со превземените стратегиски чекори со кои ги задоволува постојано менувачките барања на дејноста.


Според официјалните податоци на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ, од 2018 година Интеренерго е рангирана како една од најголемите компании според остварен вкупен приход. Очекувано, резултатите на компанијата секоја година се се подобри, па така почнувајќи од 143то место на листата на најголеми со приход од 1.2 милијарди денари во 2018 година, Интеренерго ја заврши 2022 година како 66та најголема компанија и оствари приход од 4.5 милијарди денари. Ако го разгледаме графиконот во текстот подолу, може да се забележи дека Интеренерго секоја година има раст на приходите, а во 2022 растот изнесува дури 80%. Не е за занемарување и остварената добивка пред оданочување, која во 2022 изнесува 41 милиони денари, а споредбено со претходната година ова значи остварен раст од дури 456%.  Ова препознавање на компанијата како една од најголемите ја одразува нејзината финансиска моќ и нејзината способност да се справува со конкурентниот пазар.

Меѓународната афилијација на компанијата дополнително придонесува кон тоа компанијата да има глобален поглед и секогаш да биде пред индустриските трендови, развивајќи ја меѓународната соработка. Со ова, Интеренерго уште повеќе го проширува своето влијание и ја потврдува својата позиција како моќен играч во енергетскиот сектор. 


Производите на ВВ Тиквеш - Стариот добар квалитет во ново руво

Нови шишиња, но стар добар квалитет. ВВ „Тиквеш“ годинава ја доби наградата „Најдобар производител – Република Македонија“, а благодарение на добрите финансиски резултати, пак котираше меѓу првите 100 Најголеми и Најуспешни македонски компании.

Македонски Телеком најави нова ера на комуникација: Без бариери и со неограничен интернет

Неограничен интернет, бесплатен роаминг, гигабитни брзини... Ова се само дел од новитетите што Македонски Телеком ги најави за своите корисници. Доказ дека заслужено се најде на 3 место меѓу Најуспешните македонски компании.

Зошто A1 Net Sef е услуга која привлекува сè поголем број корисници?

А1 Македонија со години наназад е дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ. Зошто услугата А1 Net Sef e пресудна при изборот на мобилен оператор кај голем број корисници?
Годишно издание

Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.

Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД, Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт