Вторник, 21 Април 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Индустрии застапени во 200те најголеми и најуспешни компании

КОВИД-19 пандемијата предизвика големи промени во речиси секоја индустрија во текот на 2020 година.

Компаниите кои се рангираат во 200 најголеми и најуспешни се од разни дејности и индустрии. Во табелите подолу приложуваме споредбена анализа за 2020/2019 година, за полесно да ги согледаме ефектите од економската криза предизвикана од КОВИД-19 пандемијата која започна во 2019 година и сеуште трае.

Забележуваме дека иако во некои индустрии има благо покачување во вкупниот приход, сепак поголемиот дел од опфатените индустрии претрпува намалување на вкупниот приход во однос на 2019 година. Во 2020 година дури имаме и компании од повеќе дејности кои во 2019 не биле присутни во нашите анализи, меѓутоа дури ни тоа не беше доволно за да се оддржи вкупниот приход, па така имаме намалување од 5,82% во однос на 2019 година.

Истиот случај го имаме и кога станува збор за добивката пред оданочување (табела 2). И покрај благите зголемувања на добивката кај одредени индустрии, сепак поголемиот дел претрпуваат намалување што крајно ја намалува вкупната добивка пред оданочување за 11,29%.






Производите на ВВ Тиквеш - Стариот добар квалитет во ново руво

Нови шишиња, но стар добар квалитет. ВВ „Тиквеш“ годинава ја доби наградата „Најдобар производител – Република Македонија“, а благодарение на добрите финансиски резултати, пак котираше меѓу првите 100 Најголеми и Најуспешни македонски компании.

Македонски Телеком најави нова ера на комуникација: Без бариери и со неограничен интернет

Неограничен интернет, бесплатен роаминг, гигабитни брзини... Ова се само дел од новитетите што Македонски Телеком ги најави за своите корисници. Доказ дека заслужено се најде на 3 место меѓу Најуспешните македонски компании.

Зошто A1 Net Sef е услуга која привлекува сè поголем број корисници?

А1 Македонија со години наназад е дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ. Зошто услугата А1 Net Sef e пресудна при изборот на мобилен оператор кај голем број корисници?
Годишно издание

Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.

Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД, Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт