Вторник, 21 Април 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

IQOS - Научна иновација од Филип Морис за иднина без чад

IQOS е иновативен уред од Филип Морис што го загрева тутунот без согорување, нудејќи помалку штетна алтернатива за полнолетни пушачи. Компанијата е дел од 200 најголеми и најуспешни во Македонија.

Во светот каде науката и технологијата го трансформираат секојдневието, Филип Морис Интернешнал (ФМИ) се истакнува како пионер во создавање на алтернативи за полнолетни пушачи. Компанијата верува во моќта на науката за позитивна промена – и токму таа визија резултираше со развојот на IQOS, иновативен уред кој го загрева, наместо да го согорува тутунот.


Наука што инспирира промена

ФМИ ангажираше стотици научници во своите напредни истражувачко-развојни центри во Швајцарија и Сингапур, со една мисија: создавање на помалку штетни производи. IQOS е резултат на таа мисија – електронски уред кој ја користи напредната технологија SMARTCORE INDUCTION SYSTEM™ и IQOS HeatControl™, со цел да понуди подобро искуство за полнолетните пушачи, без пепел, чад и катран.


Испитано според највисоки стандарди

IQOS е подложен на обемни научни проценки, вклучувајќи 18 неклинички и 10 клинички студии со илјадници учесници. Истражувањата покажуваат дека иако не станува збор за производ без ризик, префрлувањето од традиционално пушење на IQOS претставува помал ризик за здравјето.*

* Врз основа на достапни научни податоци во споредба со продолжување на пушење цигари.


Зошто загревањето е револуција?

За разлика од цигарите кои го согоруваат тутунот и создаваат преку 6.000 хемикалии – од кои над 100 се поврзани со болести – IQOS го загрева тутунот на пониска температура и произведува аеросол, а не чад. Ова значително го намалува присуството на штетни материи, дури до 95% во споредба со цигарите.*

* Просечно намалување на нивото на 9 штетни материи (со исклучок на никотинот) кои Светската здравствена организација ги иденификува како ризични. Важни информации.


Без чад, без катран

IQOS не произведува катран – производ кој настанува само при согорување. Наместо тоа, уредот создава пареа која нуди автентичен вкус на тутун, без чад и со значително помалку штетни материи. Дополнително, 85% од корисниците во студии спроведени во Јапонија и Италија се согласија дека пареата исчезнува побрзо од чадот од цигари.


Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп – дел од елитата на македонската економија

Заслужен за производството и дистрибуцијата на IQOS во Македонија, Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп е повеќе од технолошки предводник – тој е економски столб. Во последното издание на проектот 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ компании во Македонија, компанијата се најде на 29-то место по добивка пред оданочување и на 90-то место по вкупен приход за 2023 година – јасен показател за нејзиниот раст и стабилност.


Со IQOS, Филип Морис не само што нуди подобра алтернатива за полнолетните пушачи, туку и го предводи патот кон иднина без чад. Поткрепен со наука, технологија и одговорност кон јавното здравје, IQOS е пример за тоа како индустриската иновација може да оди рака под рака со општествената добробит.


**Овој производ не е без ризик, ослободува никотин кој предизвикува зависност. Само за полнолетни.

Производите на ВВ Тиквеш - Стариот добар квалитет во ново руво

Нови шишиња, но стар добар квалитет. ВВ „Тиквеш“ годинава ја доби наградата „Најдобар производител – Република Македонија“, а благодарение на добрите финансиски резултати, пак котираше меѓу првите 100 Најголеми и Најуспешни македонски компании.

Македонски Телеком најави нова ера на комуникација: Без бариери и со неограничен интернет

Неограничен интернет, бесплатен роаминг, гигабитни брзини... Ова се само дел од новитетите што Македонски Телеком ги најави за своите корисници. Доказ дека заслужено се најде на 3 место меѓу Најуспешните македонски компании.

Зошто A1 Net Sef е услуга која привлекува сè поголем број корисници?

А1 Македонија со години наназад е дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ. Зошто услугата А1 Net Sef e пресудна при изборот на мобилен оператор кај голем број корисници?
Годишно издание

Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.

Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД, Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт