Вторник, 21 Април 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

ИГМ Трејд - најголем домашен извозник во приватна сопственост за 2022

Една од најголемите, најуспешните компании која исто така е и една од најголемите извозници во земјава е ИГМ Трејд од Кавадарци.

ИГМ Трејд е еден од најголемите производители на заварени цевки и челични профили во Југоисточна Европа со годишен капацитет од 300.000 тони, а фабриката се простира на површина од 500.000 м2 и затворен простор од 280.000 м2.

Големите успеси на компанијата доаѓаат и од нејзината извозна ориентираност. Имено, ИГМ Трејд 95% од своите производи ги пласира на пазарите на ЕУ и ЦЕФТА, па оттука е и фактот дека таа е дел и од листата на најголеми извозници во Македонија. 

Освен со производство, еден дел од бизнисот се занимава и со преработка на челични котури во табли и траки со што компанијата продава разни челични производи, цевки и профили. 


ИГМ во 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ се појави на 3 листи како високо рангирана компанија. На листата на најголеми за 2022 е рангирана на 23тото место со вкупен приход од 9.8 милијарди денари. Со дури 85% од овој приход остварен од продажба во странство, ИГМ се рангираше како 8ма најголема извозна компанија, а добивката пред оданочување од 2 милијарди денари ја позиционираше како 5та најуспешна компанија во Македонија. Воедно, со оваа добивка, ИГМ го зазема првото место како најуспешна македонска компанија во приватна сопственост за 2022 година.

ИГМ Трејд е позната и по високиот степен на општествена одговорност и многубројните донации кои ги дава како поддршка во интерес на нашите граѓани, економијата и локалната управа. Една од поголемите донации од изминатиот период е во времето на Ковид кризата кога ИГМ Трејд донираше повеќе од 830.000 евра како пакет помош за државата и локалната власт.


Производите на ВВ Тиквеш - Стариот добар квалитет во ново руво

Нови шишиња, но стар добар квалитет. ВВ „Тиквеш“ годинава ја доби наградата „Најдобар производител – Република Македонија“, а благодарение на добрите финансиски резултати, пак котираше меѓу првите 100 Најголеми и Најуспешни македонски компании.

Македонски Телеком најави нова ера на комуникација: Без бариери и со неограничен интернет

Неограничен интернет, бесплатен роаминг, гигабитни брзини... Ова се само дел од новитетите што Македонски Телеком ги најави за своите корисници. Доказ дека заслужено се најде на 3 место меѓу Најуспешните македонски компании.

Зошто A1 Net Sef е услуга која привлекува сè поголем број корисници?

А1 Македонија со години наназад е дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ. Зошто услугата А1 Net Sef e пресудна при изборот на мобилен оператор кај голем број корисници?
Годишно издание

Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.

Државен завод за статистика

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт