Вторник, 21 Април 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

ИГМ Трејд - извозно ориентирана компанија со 95% од вкупното производство продадено надвор од Македонија

Од своето основање како трговско друштво во 1994 година, ИГМ-Трејд брзо се развива како гринфилд инвестиција и станува еден од најголемите производители на челични заварени цевки и профили во Југоисточна Европа.


Денеска имаат над 450 вработени кои работат во нивните простории во Кавадарци на површина од 400.000 м2 со покриен простор од 280.000 м2. Нивните производствени капацитети имаат комбиниран годишен капацитет од 200.000 тони годишно. Континуирано инвестираат во нова технологија со цел да ја одржат нивната позиција како лидер на пазарот.
ИГМ-Трејд е извозно ориентирана компанија со 95% од вкупното производство продадено надвор од Македонија, на пазарите на ЕУ и ЦЕФТА. Нивниот високо мотивиран и искусен тим за продажба е обучен да работи блиску со производствен оддел за да обезбеди брзо производство, брза испорака и висок степен на задоволство на клиентите. Нивна секундарна активност вклучува преработка на челични намотки во лимови и ленти со планови за понатамошно развивање на способностите на нивниот внатрешен сервисен центар.Како дел од ивната инвестициска стратегија, сега работат со производствен капацитет за челични конструкции и градежна компанија кои интензивно се користат во изградбата на новите проекти на ИГМ.На крајот на 2015 година ИГМ-Трејд го прошири своето работење надвор од Македонија со купување на поранешна АЛПОС, фабрика за заварени челични цевки и профили лоцирана во Шенџур, Словенија. Оваа инвестиција нуди многу технолошки, логистички и маркетиншки придобивки и ѝ овозможува на компанијата да го зголеми своето присуство на пазарите на ЕУ и подобро да ја опслужува својата база на клиенти во Западна Европа. Производството започна во 2017 година со капацитет од 100.000 тони годишно.
Нивниот успех не останува незабележан - тие се редовни учесници во 200 Најуспешни компании. За нив може да погледнете ТУКА.


Производите на ВВ Тиквеш - Стариот добар квалитет во ново руво

Нови шишиња, но стар добар квалитет. ВВ „Тиквеш“ годинава ја доби наградата „Најдобар производител – Република Македонија“, а благодарение на добрите финансиски резултати, пак котираше меѓу првите 100 Најголеми и Најуспешни македонски компании.

Македонски Телеком најави нова ера на комуникација: Без бариери и со неограничен интернет

Неограничен интернет, бесплатен роаминг, гигабитни брзини... Ова се само дел од новитетите што Македонски Телеком ги најави за своите корисници. Доказ дека заслужено се најде на 3 место меѓу Најуспешните македонски компании.

Зошто A1 Net Sef е услуга која привлекува сè поголем број корисници?

А1 Македонија со години наназад е дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ. Зошто услугата А1 Net Sef e пресудна при изборот на мобилен оператор кај голем број корисници?
Годишно издание

The “200 Largest and Successful” review is very helpful for us from the international community. Indeed, the French Embassy is always looking for useful economic indicators and your review allow us to be well informed and to easily identify the most important economic agents of the Macedonian market. Your publication is also one of the best to stay up-to-date with Macedonian fast-moving economy and we are pleased to receive each new edition.

Laurence Auer, Амбасадорот на Франција во Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт