Вторник, 21 Април 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

#GoodMagenta на Македонски Телеком - Ознака за одговорност

АД Македонски Телеком е лидер во телекомуникацискиот сектор и една од најуспешните компании кај нас, но истовремено докажува дека големиот успех значи и голема одговорност.

Освен што со години наназад е лидер во телекомуникацискиот сектор во Северна Македонија со најбрзата и најстабилна мрежа, АД Македонски Телеком е компанија која што предничи и со големиот број на проекти за општествена и корпоративна одговорност.

Како компанија која што со години наназад е дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ компании во Македонија, освен што докажува дека е континуирано насочена кон напредокот и развојот на технологиите во својот сектор, компанијата исто така се труди и да обезбеди безбедно користење на услугите, но и да возврати на заедницата на која што ѝ припаѓа.

GoodMagentaLogo

Основање на една од првите корпоративни фондации кај нас

АД Македонски Телеком, со години наназад да ја предводи дигитализацијата на општеството и креира одржливи вредности за сите, а истовремено во својот фокус ги става и работењето врз намалување на дигиталниот јаз и креирање на еднакво дигитално општество за сите.

Нашата примарна целна група се децата и младите, а нашата цел е да направиме вистинска разлика со тоа што активно ќе ги вклучиме во справувањето со некои од најголемите предизвици со кои се соочува нивната генерација. Во последните неколку години работиме на проекти за интернет без омраза, во кои младите се тие кои ја предводат, создаваат и шират промената“ – нагласуваат од компанијата на нивната веб страница.

Проектите за општествена одговорност кои носат позитивна промена во дигиталниот свет и влијаат на намалување на дигиталниот јаз ја носат ознаката #GoodMagenta, која е прифатена од сите припаднички на Дојче Телеком.

Проектите со оваа ознака најчесто во светски рамки се фокусираат на две категории:

  •         На оние што се чувствуваат технолошки инфериорни, повозрасните лица кои имаат проблем за да се снајдат во новиот свет на технолошки и дигитален напредок, и
  •         На оние што се чувствуваат технолошки супериорни, младите луѓе, кои најголем дел од своето време го поминуваат на интернет.

Во тој контекст АД Македонски Телеком неколку години наназад посветено работи на кампањи кои се фокусирани на намалувањето на говорот на омраза на интернет и зголемувањето на безбедноста кај младите.

„Како креатори на дигиталната иднина наша задача е да влијаеме и на креирање на нејзината етика.

Говорот на омраза на интернет е еден од најголемите предизвици денес кој ги допира сите, особено младите.

Како генерација која поминува најмногу време онлајн тие се најизложени на говор на омраза и врсничко онлајн насилство.

Според истражувањето на UReport, дури 24% од младите кои имаат пристап до интернет барем еднаш се почуствувале небезбедно онлајн во последната година.

Станува збор за феномен на современото општество кој предизвикува сѐ поголема загриженост и проблеми за младите, но и за нивните родители, старатели и воспитувачи. А ние имаме одговорност да направиме позитивна промена, да учествуваме во создавање безбеден интернет простор“ – нагласуваат од компанијата.

АД Македонски Телеком успешно ја спроведува оваа кампања така што им дава глас на повеќе млади луѓе да се борат против насилството и да поттикнуваат креативна и позитивна промена.

Иницијативата е дел од долгогодишното партнерство помеѓу Фондацијата „Телеком за Македонија“ и УНИЦЕФ чија цел е да ги вклучи децата и младите во справувањето со некои од најголемите предизвици со кои се соочува нивната генерација.

GoodMagentaGreenMagentaLogo

#GreenMagenta – Ознака за одговорност кон животната средина

Уште еден исклучително важен проект што АД Македонски Телеком го спроведе во 2023 година е и кампањата за собирање на стари мобилни телефони и обнова на подрачјата коишто последните неколку години беа зафатени од големи шумски пожари.

Компанијата успеа да собере околу 16.000 стари мобилни телефони, а на крајот на годината, во заедничката акција за пошумување во која учествуваа над 100 волонтери и вработени во Телеком насадени се нови дрвца за обнова на зелениот појас во источниот регион.

АД Мaкедонски Телеком лидер во својата дејност и една од најуспешните компании во Македонија

Во 2023 година компанијата се најде на 14. место на ранг листата на најголемите македонски компании и на 3. место на ранг листата на најуспешните македонски компании.

Со релативно мал број на вработени, околу 899, АД Маедонски Телеком се покажа како мошне ефикасна компанија која успеа во 2023 година да оствари вкупен приход од 12.044.142.319 денари и добивка пред оданочување од 2.498.945.718 денари, или процентуално за 1,84% повеќе во споредба со претходната година.

Но големиот успех, сам по себе носи и голема одговорност, а АД Мaкедонски Телеком со своите кампањи за општествена одговорност со години наназад може да се пофали дека е една од најуспешните компании и во тој поглед.

Производите на ВВ Тиквеш - Стариот добар квалитет во ново руво

Нови шишиња, но стар добар квалитет. ВВ „Тиквеш“ годинава ја доби наградата „Најдобар производител – Република Македонија“, а благодарение на добрите финансиски резултати, пак котираше меѓу првите 100 Најголеми и Најуспешни македонски компании.

Македонски Телеком најави нова ера на комуникација: Без бариери и со неограничен интернет

Неограничен интернет, бесплатен роаминг, гигабитни брзини... Ова се само дел од новитетите што Македонски Телеком ги најави за своите корисници. Доказ дека заслужено се најде на 3 место меѓу Најуспешните македонски компании.

Зошто A1 Net Sef е услуга која привлекува сè поголем број корисници?

А1 Македонија со години наназад е дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ. Зошто услугата А1 Net Sef e пресудна при изборот на мобилен оператор кај голем број корисници?
Годишно издание

Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.

Државен завод за статистика

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт