Групацијата е присутна во повеќе земји од Западен Балкан и претставува значајна алка во економската поврзаност на регионалните компании со своите банкарски услуги.
Шпаркасе во Македонија се вбројува меѓу првите 5 најголеми и најуспешни банки според официјалните податоци за капитал и резерви и добивка пред оданочување. Графичкиот приказ во текстот подолу го прикажува движењето на овие параметри во изминатите 12 години откако 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ ги рангира и банките во Македонија. Забележителен е растечки тренд кај капиталот и резервите исто како и кај добивката пред оданочување, па така ако ги споредиме податоците од 2022 со оние од 2011 година, заклучуваме дека банката ги има зголемено капиталот и резервите за дури 768,36%. Во однос на 2021 година овој процент изнесува 20,03%. Што се однесува до добивката пред оданочување, 2022 година Шпаркасе ја одбележи со зголемување од 63,31% споредбено со 2021 година.

Со оглед на тоа дека Шпаркасе е 5та најголема и 4та најуспешна банка, нејзиниот удел во вкупниот банкарски сектор е многу значаен. Во однос на капиталот и резерви, според податоците за 2022 година, Шпаркасе банка учествува со 11,39% во вкупниот износ, а во однос на добивката пред оданочување која ја оствариле сите банки, учествува со 10,75%.
Повеќе податоци и информации за банката прочитајте тука, а податоците за останатите банки може да ги видите на овој линк.
13-03-2026
12-03-2026
15-01-2026
Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.
Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.
Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт