Вторник, 21 Април 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Финансиските перформанси на ДМ во Македонија

ДМ Дрогерие Маркт е уште една странска компанија со успешна приказна на македонското поднебје.

Компанијата влегува на пазарот во 2012 година, а инаку се работи за австриска инвестиција која постои повеќе од 40 години. 

Од почетокот на работењето на нашиот пазар, ДМ остварува значителен успех кој од година во година е се поголем и позабележителен. Од 2020 година компанијата се рангира најпрво помеѓу најголемите компании, а подоцна и меѓу најуспешните. 

Во 2020 година кога за прв пат ДМ се појави на листата на најголемите компании со вкупен остварен приход од 1,03 милијарди денари беше рангирана како 187ма компанија. Следната година, со раст од речиси 32% и остварен приход од 1,36 милијарди денари, компанијата се искачи на 169то место на листата. 


Веќе во 2022 со остварен приход од 1,79 милијарди денари, се рангира на уште повисоко место како 156та компанија, а со добивка пред оданочување од 127 милиони денари, ДМ влегува и на листата на најуспешни компании како 143та. Добивката во 2022 година бележи пораст од 99% во однос на 2021 година кога изнесуваше 63,8 милиони денари.

Бројот на вработени во ДМ Дрогерие во 2020 беше 139, а во 2022 се зголеми на 192 лица.



Производите на ВВ Тиквеш - Стариот добар квалитет во ново руво

Нови шишиња, но стар добар квалитет. ВВ „Тиквеш“ годинава ја доби наградата „Најдобар производител – Република Македонија“, а благодарение на добрите финансиски резултати, пак котираше меѓу првите 100 Најголеми и Најуспешни македонски компании.

Македонски Телеком најави нова ера на комуникација: Без бариери и со неограничен интернет

Неограничен интернет, бесплатен роаминг, гигабитни брзини... Ова се само дел од новитетите што Македонски Телеком ги најави за своите корисници. Доказ дека заслужено се најде на 3 место меѓу Најуспешните македонски компании.

Зошто A1 Net Sef е услуга која привлекува сè поголем број корисници?

А1 Македонија со години наназад е дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ. Зошто услугата А1 Net Sef e пресудна при изборот на мобилен оператор кај голем број корисници?
Годишно издание

Државниот завод за статистика ги поздравува напорите и посветеноста на Еуро Бизнис Центар Скопје, како покровител на публикацијата „200 најголеми и најуспешни“, за промоција на успесите на најголемите и најуспешните деловни субјекти во Република Македонија. Од особено значење за читателите на публикацијата е презентирањето на официјални статистички податоци при претставувањето на фактичката состојба на економијата во Република Македонија. Тоа претставува потврда на важноста на статистиката при носењето одлуки засновани на релевантни, квалитетни, точни и навремени статистички податоци.

Државен завод за статистика

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт