Вторник, 21 Април 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

ФИЛИП МОРИС ТУТУНСКИ КОМБИНАТ ПРИЛЕП – иновации кои ја менуваат тутунската индустрија

ФИЛИП МОРИС ТУТУНСКИ КОМБИНАТ ПРИЛЕП започнувајќи уште од 2014 како стратешки партнер со Тутунски Комбинат Прилеп, 8 години по ред се наоѓа на листата на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ компании во Македонија.

Компанијата Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп (ФМТКП) која во 2014 година беше формирана како заедничка компанија на тутунскиот гигант Филип Морис Интернешнал (ФМИ) и Тутунски Комбинат Прилеп (ТКП), денес е успешно етаблирана во македонската економија и покажува одлични резултати. Ова стратешко партнерство не само што ја донесе најголемата тутунска компанија во светот на македонскиот пазар, туку придонесе Тутунски комбинат АД Прилеп, денес да биде успешна компанија.

За 2022 година успеаа да го зголемат својот вкупен приход, а исто така и вкупната добивка пред оданочување. Па така се најдоа на 110 место на листата на НАЈГОЛЕМИ компании (рангирани според приходот) и на 31 место на листата на НАЈУСПЕШНИ (рангирани според вкупната добивка пред оданочување). 

Започнувајќи од 2015 година, ви презентираме како се движел нивниот приход низ годините до ден денес.

 

ФМТКП пред две години на македонскиот пазар го донесе и иновативниот уред IQOS со кој возрасните пушачи во земјата кои не сакаат да се откажат од пушењето добија можност да изберат помалку штетна алтернатива од цигарите. Науката изградена на заеднички пристап и експертиза во областите на хемијата, биологијата, информатиката и медицината но исто така инспирирани од фармацевтската индустрија, го создаде овој револуционерен производ. 

Иновативниот уред е резултат на работата и посветеноста на над 980 врвни научници и експерти, во што се инвестирани повеќе од 9 милијарди долари. 

Тутунската индустрија е сведок на големи промени, а ФМТКП останува лидер на тие промени. 

Производите на ВВ Тиквеш - Стариот добар квалитет во ново руво

Нови шишиња, но стар добар квалитет. ВВ „Тиквеш“ годинава ја доби наградата „Најдобар производител – Република Македонија“, а благодарение на добрите финансиски резултати, пак котираше меѓу првите 100 Најголеми и Најуспешни македонски компании.

Македонски Телеком најави нова ера на комуникација: Без бариери и со неограничен интернет

Неограничен интернет, бесплатен роаминг, гигабитни брзини... Ова се само дел од новитетите што Македонски Телеком ги најави за своите корисници. Доказ дека заслужено се најде на 3 место меѓу Најуспешните македонски компании.

Зошто A1 Net Sef е услуга која привлекува сè поголем број корисници?

А1 Македонија со години наназад е дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ. Зошто услугата А1 Net Sef e пресудна при изборот на мобилен оператор кај голем број корисници?
Годишно издание

Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.

Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД, Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт