Вторник, 21 Април 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Еуро - Фарм, проверен и доверлив партнер во трговијата со фармацевтски производи

Веќе 24 години лидер во аптекарската дејност кој веќе долги години е и дел од најдобрите компании во Македонија, а на чело со м-р спец. Татјана Стерјева, Еуро - Фарм ДООЕЛ, додаде уште една успешна година на својата историја.

Компанијата е основана во 2000 година во Битола, но денес веќе е широко распространета и препознатлива на територијата на целата држава. Главната дејност е трговија на големо со фармацевтски производи, а исто така располага со 121 аптека ширум Македонија. 

Како еден од најпознатите ланци на аптеки, Еуро – Фарм е застапник на над 20 партнери, односно светски познати брендови. 


Во 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ прв пат се рангираше во 2007 година кога оствари огромен пораст на добивката пред оданочување од 3558,13% и со тоа влезе како 83та најуспешна компанија. Веќе од 2010 година е дел и од 200те најголеми фирми според остварените вкупни приходи. 

Низ годините Еуро – Фарм бележи постојан пораст на вкупните приходи, што може да се забележи и од графикот прикажан во овој текст каде што исто така е видлив и стабилен тренд на пораст. 


Што се однесува до добивката пред оданочување, тука исто така може да се забележи растечки тренд и покрај регистрираните намалувања на добивката во неколку години од анализираниот период. 

Компанијата во 2007 година имаше само 15 вработени, но со континуираниот развој и пораст на бизнисот како и зголемување на своето присуство на пазарот, се појави зголемена потреба од вработени па така денеска во Еуро – Фарм се вработени 90 лица. Повеќе податоци и информации за Еуро - Фарм може да најдете на овој линк



Производите на ВВ Тиквеш - Стариот добар квалитет во ново руво

Нови шишиња, но стар добар квалитет. ВВ „Тиквеш“ годинава ја доби наградата „Најдобар производител – Република Македонија“, а благодарение на добрите финансиски резултати, пак котираше меѓу првите 100 Најголеми и Најуспешни македонски компании.

Македонски Телеком најави нова ера на комуникација: Без бариери и со неограничен интернет

Неограничен интернет, бесплатен роаминг, гигабитни брзини... Ова се само дел од новитетите што Македонски Телеком ги најави за своите корисници. Доказ дека заслужено се најде на 3 место меѓу Најуспешните македонски компании.

Зошто A1 Net Sef е услуга која привлекува сè поголем број корисници?

А1 Македонија со години наназад е дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ. Зошто услугата А1 Net Sef e пресудна при изборот на мобилен оператор кај голем број корисници?
Годишно издание

Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.

Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД, Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт