Вторник, 21 Април 2026
Дома Клуб 200 Новости Анализи За Нас Контакт

Новости

Емша Шпед - компанија која ги надминува очекувањата во транспортните решенија

Емша Шпед се стреми да го заштити интегритетот на синџирот на снабдување во име на нивните клиенти.

Фирмата Емша Шпед ДООЕЛ е основана 1999 година од страна на сегашниот сопственик Г-нот Емшов Марјан.

Фирмата започна да работи како мала транспортна компанија која поседува само 1 камион, а денес фирмата поседува повеќе од 200 камиони и има голем број на партнери од Македонија, од соседните држави и од цела Европа.

Денес главната дејност на фирмата е транспорт на секаков вид на добра и располага со секаков вид на камиони, и тоа: камиони влекачи, влекачи со приколица, мега камиони кои може да се поврзат со обични и мега приколици, троосовински камиони за транспорт на добра потешки од вообичаените утовари (27-30 тони) итн…

Нивната работа се одликува со ефикасност, навременост и точност. Повеќегодишното искуство во областа на транспортот, искусните транспорт планери и професионалните возачи се уште еден адут за успешна и плодна работа веќе 22 години.

Уште еден доказ за нивната долгогодишна и успешна работа е тоа што се избрани за една од 200 најголеми и најуспешни фирми во Македонија, врз основа на финансиските податоци од Централен Регистар на Македонија од 2011 година до 2020 година. Погледнете го нивниот раст ТУКА

Сето тоа ги прави стабилна и конкурентна меѓународна компанија за транспорт и шпедиција која секојдневно го зголемува обемот на својата работа и со тоа ја зајакнува позицијата на пазарот.




Производите на ВВ Тиквеш - Стариот добар квалитет во ново руво

Нови шишиња, но стар добар квалитет. ВВ „Тиквеш“ годинава ја доби наградата „Најдобар производител – Република Македонија“, а благодарение на добрите финансиски резултати, пак котираше меѓу првите 100 Најголеми и Најуспешни македонски компании.

Македонски Телеком најави нова ера на комуникација: Без бариери и со неограничен интернет

Неограничен интернет, бесплатен роаминг, гигабитни брзини... Ова се само дел од новитетите што Македонски Телеком ги најави за своите корисници. Доказ дека заслужено се најде на 3 место меѓу Најуспешните македонски компании.

Зошто A1 Net Sef е услуга која привлекува сè поголем број корисници?

А1 Македонија со години наназад е дел од семејството на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ. Зошто услугата А1 Net Sef e пресудна при изборот на мобилен оператор кај голем број корисници?
Годишно издание

Публикацијата „200 Најголеми и Најуспешни“ е многу корисен извор на информации којшто на секој инвеститор му дава прецизна слика за финансиското и деловното работење на 200-те најголеми и најуспешни компании во Република Македонија.

Пазарот на хартии од вредност во основа го придвижуваат информации и во интерес на Берзата во најширока смисла е што поголем број на податоци за работењето на друштвата да бидат достапни на јавноста за да може да се носат правилни и издржани инвестициски одлуки.

МАКЕДОНСКА БЕРЗА АД, Скопје

Учесници
Соработници

Користиме колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт